Започна јубилејното издание на Денови на комедија во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, синоќа започна јубилејното 25. издание на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија во Куманово.
Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии Од денеска /четврток/ започнува етапната исплата на пензиите за месец септември, соопштува Министерството за труд и социјална политика.
Зголемена побарувачката за ајварска пиперка во Куманово, се продава од 38 до 45 денари за килограм Нема големи промени на цените на земјоделските производи на зелените пазари во Куманово во однос на минатата година. И производителите и препродавачите велат дека цените се слични со ланскиот септември кога е сезона на подготовка на зимници. Различно е тоа што оваа година има поголем интерес од граѓаните, најверојатно поради стравот од кризата што се најавува.
Продолжува потрагата по возачот од „голфот“ со кумановски таблички што падна во Вардар кај Желино Екипа на МВР, тетовски пожарникари, вработени во Општина Желино и екипа нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување од Велес, и денеска трагаат по возачот од возилото кое вчера излета од патот кај село Желино и заврши во надојдените води на реката Вардар.
Еден месец нема трага од мајка и 7-годишна ќерка од Куманово Еден месец нема ни трага, ниту глас од триесет и две годишна мајка и нејзината 7-годишна ќерка од Куманово. Сабина и Елиф ги бара семејството преку социјалните мрежи, но и на терен, а во потрагата се вклучени и МВР и Обвинителството.
Ретроспективно-монографска изложба на Крсто Славковски во Куманово Во Уметничката галерија во Куманово вечерва во 20 часот ќе биде отворена ретроспективно-монографската изложба на скулпторот Крсто Славковски.
Приведена кумановка, осомничена за повеќе кражби Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ја лишиле од слобода М.З.(23) од Куманово, којa се сомничи дека извршила повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ на подрачјето на Куманово.
Започнува јубилејното издание на Денови на комедија во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре започнува 25. издание на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија. На репертоар се 12 претстави од театрите од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска.
УМС бара надлежните да го отстранат билбордот на Зоран Заев од центарот на градот Унијата на млaди сили (УМС) на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, денеска ги повика надлежните во Општината да го отстранат билбордот на Зоран Заев, кој од парламентарните избори од пред две години стои во центарот на Куманово.
Се чистат дивите депонии во околината на Куманово ЈП „Чистота и зеленило“ започна со расчистување на дивите депонии на периферијата на градот и во селските населби. Во Куманово има десетина поголеми депонии и уше четириесетина помали, во речиси секое населено место.
Можност за невработените да аплицираат за мерката практиканство Невработените лица до 34. години кои имаат завршено средно или високо образование имаат можност да аплицираат за мерката практиканство во приватни компании.
Во Куманово наврна 17 литри дожд, минималната температира 14 степени Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Левица бара Општина Куманово да формија ЈП за производство и продажба на електрична енергија Советникот на Левица во Советот на Општина Куманово, Никола Лазаревски, поднесе иницијатива за донесување oдлука за изработка на физибилити студија за основање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија, за да се реши проблемот со кризата со електрична енергија.
Дизелот ќе поскапи, бензинот со мало поевтинување Од вечерва по полноќ дизел горивото и нафтата за домаќинствата ќе поскапат за еден денар по литар, во исто време, цената на бензинот од 95 октани ќе се намали за половна денар, а за еден денар ќе поевтини бензинот од 98 октани. Се намалува цената на мазутот.
Промоција на романот „Лебед“ од Ана Стојаноска во Куманово Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Лебед“ од проф. д-р Ана Стојаноска. Промотор на романот е проф.д-р Јелена Лужина, а настанот ќе биде проследен со музика на пијано од младиот талентиран музичар Ерди Шахини.
Денеска седница за советнички прашања Советот на Општината Куманово денеска ќе одржи редовна седница на која градоначалникот и локалната администарција ќе одговараат на прашања на советниците.