Конечно ќе се реконструира кровот на училиштата „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ По две години ќе отпочне постапката за реконструкција на кровот на зградата на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ во Куманово. На вчерашната седница Владата го прифати предлогот на Министерството за образование и наука да распише тендер за избор на фирма која ќе ја изврши реконструкција.
Малолетник предизвикал пожар во затворот К`шање, полицаец хоспитализиран заради загушување Еден полицаец е повреден во вчерашниот пожар што избувнал во една од собите во притворското одделение во Казнено поправната установан „Куманово“, затвор К'шање. Полицаецот е задржан во Кумановската болница поради вдишан чад и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.
Миле Андоновски нов член во Советот на Општина Куманово Миле Андоновски од Партијата на пензионерите од денеска е нов член во Советот на Општина Куманово. Тој доаѓа на местото на Мартин Захариев од СДСМ, кој поднесе оставка поради преселба во странство.
Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии Започна исплатата на ноемвриските пензии преку банките, филијалите и експозитурите соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Цената на природниот гас покачена за трипати , корисниците ги откажуваат услугите на ЈП Куманово гас Цената на природниот гас се зголемила за 3-пати во однос на декември минатата година, заради што голем дел од корисниците ги откажаа услугите на ЈП Куманово гас.
Утре седница на Совет - на дневен ред 27 точки Во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации утре ќе се одржи 15. седница на Совет на Општина Куманово. На дневен ред се 27 точки, меѓу кои финансиски извештаи на јавните претпријатија, предлог - одлуки за нови вработувања според годишниот план, квартален извештај за реализација на буџетот и др.
Општина Куманово размислува да воведе бесплатен јавен превоз Целосно бесплатен јавен превоз за сите 26 линии за 2023 година размислува да воведе Општина Куманово, но бара мислење од граѓаните дали ваквата мерка е оправдана за време на енергетската криза.
Притвор за разбојник кој нападнал и одзел паричник од кумановец Основниот суд во Куманово му определи притвор во траење од 30 дена на 23-годишник од Велес, со привремено престојувалиште во Куманово, кој е осомничен за кривично дело – разбојништво од член 238, став 1, од Кривичниот законик.
Бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот за 1,5 денари Од вечерва по полноќ ќе се намалат цените на бензините за 2 денари за литар, додека дизелот поевтинува за 1,5 денари за литар, а нафтата за домаќинствата за 1 денар. Само мазутот ќе поскапи.
Општина Куманово набави возила и опрема за зимско одржување на улиците Со кредит од Светска Банка во износ од 62 милиони денари Општина Куманово набави опрема и современа механизација, за јавните претпријатија „Чистота и зеленило“, „Куманово гас“ и „Куманово-паркинг“. Купени се камиони за зимско одржување на улиците, ровокопачи, трактори, дополнителна опрема и механизација, и пајак-возило.
Нулта толеранција за насилство врз жените - порака од Форумот на жени на СДСМ Нашите заложби се за градење на фер, праведно и еднакво општество базирано на принципите на родова еднаквост во секој сегмент од живеењето. Цврсто стоиме на заложбата за нулта толеранција за насилство врз жените и девојките, кажа Сања Јовановска, претседателка на Комисијата за родова еднаквост на Форумот на жени на СДСМ Куманово, по повод отпочнување на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, која започна денеска на 25 ноември - Меѓународен ден за елиминација на насилство врз жените и трае до 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права.
„Блек Фрајдеј“ – колку ги следиме светските трендови и дали е оправдан терминот кај нас Низ градот, на продавниците или на билборди, ТВ реклами, радио реклами,промоции на социјалните мрежи, го нагласуваат последниот петок во ноември како „Блек фрајдеј“ - ден кој знае да се протегне и за време на викендот,но и на целата недела.
Лишени од слобода разбојници во Куманово Припадниците на СВР Куманово, вчеравечер , во 21.00 часот ги лишиле од слобода С.Д.(21) од Куманово и М.Д.(23) од Велес .
„Граше брате наше“ гастрономска манифестација за пензионерите од Куманово Гастрономска манифестација „Ден на гравот“ ќе се одржи утре (сабота) во ресторанот Грација. Мото на манифестацијата е „Граше брате наше“, која ќе започне во 10 часот.
10.000 жени се вработени или работно - оспособени со мерките на Владата За нецели 2 години преку мерките на Оперативниот план за активни програми и мерки, се вработиле 3.370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6.035 жени, односно речиси 10.000 жени се вработени или работно- оспособени, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на настан насловен „Зајакнување на позицијата на жените во приватниот сектор“, организиран од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, како членка на Алијансата за родова еднаквост при Асоцијацијата за е-трговија.
Искршената ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ заменета со нова Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ утринава монтираа нова ограда меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Драган Стопаревиќ“ во Куманово. Иако беше најавувано дека ќе се намести бетонски ѕид или некоја појака заштитна банкина, сепак изработена е потполно иста ограда како поранешната.