×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ избра претседатели во помалите општини во регионот, се мисли уште за Куманово

    СДСМ избра претседатели во помалите општини во регионот, се мисли уште за Куманово

    СДСМ избра пет од вкупно шест претседатели на општинските организации во Североисточниот регион. Претседатели се изберени во ограноците во Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Кратово и Липково, а останува да се одлучи кој ќе ја води регионалната општинската организација во Куманово.  

    Левица бара од надлежните да го решат проблемот со дивите паркинзи во Куманово

    Левица бара од надлежните да го решат проблемот со дивите паркинзи во Куманово

    Проблемот со паркирањето во Куманово станува се поактуелeн, а локалната власт со неизнаоѓањето на трајно решение станува соучесник во неговото креирање, велат од Локалниот огранок на Левица Куманово.

    Зголемен број на пожари во Кумановско, намерно се палат сува трева и шума

    Зголемен број на пожари во Кумановско, намерно се палат сува трева и шума

    За само една недела на подрачјето на Кумановско се регистрирани 18 пожари од страна на ТППЕ Куманово. Зголемениот број на пожари е невообичаен за овој временски период, а пожарникарите сметаат дека опожарувањата се резултат на човечки фактор и намерно палење на површините.

    Изградбата на смарт паркот ќе чини 180 илјади евра, парите ги обезбеди Министерството за локална самоуправа

    Изградбата на смарт паркот ќе чини 180 илјади евра, парите ги обезбеди Министерството за локална самоуправа

     Од минатата недела интензивно се работи на проектот „Изградба на смарт парк - Градски парк Куманово“, кој го имплементира Центарот за развој на Североисточниот плански регион. Вредноста на целата инвестиција е од 11,2 милиони денари, а парите ги обезбеди Биротот за регионален развој и Министерството за локална самоуправа од програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година.

    Нема олабавување на мерките, коронавирусот е присутен иако состојбата е мирна, вели Комисијата за заразни болести

    Нема олабавување на мерките, коронавирусот е присутен иако состојбата е мирна, вели Комисијата за заразни болести

    Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход, апелираа од Комисијата за заразни болести по денешната средба на која беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба.

    Повторно ќе воспоставиме мостови на пријателство и соработка со Куманово, порача  хрватската амбасадорка Тигањ

    Повторно ќе воспоставиме мостови на пријателство и соработка со Куманово, порача хрватската амбасадорка Тигањ

    „Оваа година, Хрватска и Македонија одбележуваат 30 години од воспоставување дипломатски односи, што ќе биде сјајна прилика да ја продлабочиме соработката, а за тоа постојат големи можности и потенцијали, не само на државно ниво, туку и на ниво на градови и општини“, рече амбасадорката на Република Хрватска во Македонија , Нивес Тигањ при денешната прва посета на Општина Куманово.

    Сопствено производство на електрична енергија во време на енергетска криза, препорачува Локалниот економски совет

    Сопствено производство на електрична енергија во време на енергетска криза, препорачува Локалниот економски совет

    Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) денеска пред кумановските бизнисмени и претставниците на локалните институции ги претстави придобивките од поставувањето на соларни фотонапонски панели и производството на електрична енергија за сопствени потреби.