Двајца новозаболени и 17 оздравени од ковид-19 во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа нправени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19.
Прегазен полицаец во Којнаре кога сакал да го сопре возилото Полициски службеник е тешко повреден кога во него удрил автомобил на локалниот пат Куманово - с.Сопот, кај с.Долно Којнаре, кумановско.
За викенд казнет 131 возач, 68 за брзо возење, 25 под дејство на алкохол Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово спроведе засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Одлуката да се формираат пакет линии во јавниот превоз е незаконска, вели адвокатот на автопревозниците Божиновски Правилата на игра не се менуваат на среде натпревар и одлуката на Советот да формира пакет линии додека трае постапката за избор на нови автопревозници е спротивна на законот, и таа ќе предизвика правни последици по оние што ја гласале, вели адвокатот Виктор Божиновски, правен застапник на дел од автопревозниците, откако таа одлука беше донесена на последната седница
Без вода неколку локации во градот, поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа Потрошувачите на пет локации во градот денеска ќе имаат прекин на водоснабувањето, поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Еден починат и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на ковид-19.
Со пакет линии Општина Куманово ќе го решава јавниот превоз Aвтопревозниците кои ќе ги добијат атрактивните градски линии ќе вршат превоз и во непрофитабилните селски средини, одлучи Советот на Општина Куманово на денешната седница, со цел да го реши хаосот во градскиот превоз, кој настана од почетокот на годината поради задоцнетото распишување на јавниот повик.
Одземени бакарни предмети од деловен објект во Куманово Сопственик на деловен објект од Куманово пријавил во полицијата дека од неговиот деловен објект биле одземени бакарни предмети.
И официјално поскапе такси превозот во Куманово По три недели откако такси компаниите и дивите превозници сами си ги зголемија цените, Советот на Општина Куманово денеска донесе одлука за поскапување на такси превозот во градот.
Мирослав Тричковиќ од ДПСМ нов советник во Советот на Општина Куманово Мирослав Тричковиќ од ДПСМ е нов член на Советот на Општина Куманово. Тричковиќ доаѓа на местото на неговиот коалиционен партнер од ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски, кој е назначен за в.д. директор на ЈП Куманово-план.
Дизелот поскапува за 3 денари, цената на бензините непроменета Регулаторната комисија за енергетика вечерва објави одлука со која се зголемува цената на дизел горивото. Бензините остануваат со иста цена.
Еден починат и 12 новозаболени од ковид-19 во Куманово Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи на ковид-19.
Од почетокот на годината 135 заболени од грип во Куманово Од почетокот на 2022 година во Куманово се регистрирани вкупно 135 случаи на сезонски грип. Од нив најмногу биле евидентирани во јануари -вкупно 82, во февруари биле потврдени 49 позитивни случаи, а во првата недела од март има четворица новозаболени.
Шеста седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневеен ред се 26 точки, меѓу кои завршна сметка на буџетот, финсиски и извештаи за работа и др.
Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскапува за 8,5, а бензините за 3,5 денари Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), вечерва одлучи цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ да се зголеми за 8,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за 3,5 денари.
Нападнат газда на деловен објект во Куманово Три лица нападнале газда на деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.