Играорците од „Панче Пешев“ ја воодушевија велинградската публика Културно - уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово учествуваше на 49-тите Денови на култура во Велинград, Република Бугарија. Играорците се претставија со кореографии на ората „Кумановски сплет“ и „Источна Македонија“, со кои ја воодушевија велинградската публика.
Коруптивни спреги во урбанизмот: ДУП-ови за приватни интереси, надзор по дампинг-цени! Урбанизмот и градежништвото се мапирани како најподложна област за корупција, поради економските интереси, политичките притисоци, правните празнини. Урбанистичките планови се повеќе го забораваат јавниот интерес, па во нив доминираат планови за бензински пумпи, винарии, фотоволтаици. Неколку планерски куќи во државата добиваат монополска позиција, а многу општини си имаат свои „миленичиња“. Надзор над градбата, пак, вршат компании за суми од еден денар, без никаква економска логика. И ова укажува на постоење коруптивен синџир меѓу планерите, инвеститорите, изведувачите, надзорот, државните институции на локално и национално ниво.
Без струја села во Куманово и Крива Паланка, одрони на патот кон Кратово Како последица на синоќешното невреме без напојување со електрична енергија се потрошувачите на повеќе села во кумановско и кривопаланечко, соопштува Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК).
Честитка од градоначалникот Димитриевски за Курбан бајрам Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам.
Во Куманово наврна 52 литри дожд, поплавени повеќе улици Во изминатите 24 часа најмногу дожд во државата наврна во Куманово, дури 52 литри на метар квадратен.
Кумановец во викендичка криел дрога и мигранти Кумановската полиција при претрес на викендичка во Куманово пронашла 7 пакувања со дрога и 10 мигранти.
Ниту денеска нема да продолжи седницата на Советот, презакажана за 12 јули Единаесеттата седница на Советот на Општина Куманово, која требаше да продолжи денеска, е презакажана за 12 јули.
Четири интервенции на кумановските пожарникари во изминатото деноноќие Запалена сува трева на 3 локации и една техничка интервенција е билансот од последното деноноќие на кумановските пожарникари.
Дали суетата на Димитриевски е поважна од волјата на граѓаните, прашуваат од СДСМ Советниците “ За Наше Куманово“ вчера направија невиден преседан кога ја бојкотираа седницата со цел да не се продолжи со работа, откако беше јасно дека Предлог одлуката за изменување и дополнување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје нема да биде ставена како дополнителна точка на Дневниот ред, велат од СДСМ.
Се зголемува бројот на заболени со ковид-19, во Куманово нови 19 случаи Од направени 31 тест за ковид-19 во Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа, регистрирани се 19 позитивни случаи, што изнесува 61 осто од тестираните.
Седницата на Советот прекината поради немање кворум, продолжува утре Седницата на Советот на општина Куманово денеска беше прекината на самиот почеток пред усвојувањето на Дневниoт ред поради немање кворум.
Пад на температурите и локално невреме Во текот на утрешниот ден се очекува пад на температурите за 7 до 9 степени, под влијание на влажен бран, а во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни со 10 до 20 л/м 2 .
Градоначалникот Димитриевски ја повлече точката за воведување на зонско паркирање на „Октомвриска“ Никогаш нема да одам против волјата на своите граѓани во рамките на своите надлежности и секогаш и ќе ги почитувам нивните барања, рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на почетокот на денешната 11-та седница на Советот на Општина Куманово и ја повлече Предлог одлуката за воведување на зонско паркирање на булеварот „Октомвриска револуција“.
Без струја повеќе улици во градот и селата Потрошувачите на повеќе улици во Куманово денеска ќе останат без електрична енергија.
Кривична пријава за насилство во Куманово СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.О.(22) од Куманово и двајца малолетници од Куманово и село Ваксинце, Липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Нови 17 случаи на ковид-19 во Куманово Според податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на ковид-19 и тоа: Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.