Обичаи за Бадник и Божиќ - простете, смирете се со скараните, ширете љубов и радост
Во христијанската народна традиција постојат бројни верувања и обичаи со кои се прославува најсветлиот празник, празникот над празниците, Божиќ, кој го симболизира Христовото раѓање. Во пресрет на најрадосната вест, ден пред Божиќ, се слави Бадник, се останува буден и се бдее над исчекувањето на раѓањето на Исус Христос.