Весна Алексовска, претседателка на Здружението „Живот со предизвици“: Родителите на деца со ретки болести се вистински херои
Родителите на деца со ретки болести се родители со големо срце, со надеж, упорност и издржливост. Сите што сум ги запознала досега прават се за нивното дете да го има најдобриот можен живот. И да нема детето ретка болест, не е лесно да се порасне, а кога се соочува со вакво заболување, животот станува многу покомплициран и исполнет со многу предизвици, проблеми, но и со многу љубов и надевање дека ќе биде подобро.