×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 20 новозаболени од коронавирус, 90 активни случаи

    Во Куманово 20 новозаболени од коронавирус, 90 активни случаи

    Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод  и Пехчево – по 1.

    Попладне локален пороен дожд и грмежи, утре пониски температури

    Попладне локален пороен дожд и грмежи, утре пониски температури

    Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

    Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август

    Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август

    Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, е продолжен до 12 август.

    Уште гори Липац во Горно Јачинце

    Уште гори Липац во Горно Јачинце

    Се уште не е изгаснат пожарот на м.в. Липац во селото Горно Јачинце, информираат од Противпожарната единица Куманово. Командирот Дејан Илиевски, вели дека пожарот е на непристапно место и до него нема пат, поради што не може да се дејствива со возило, туку исклучиво рачно.

    Исчезна жена во пожар во селото Челопек

    Исчезна жена во пожар во селото Челопек

    Жена од селото Челопек, Општина Старо Нагоричане се води за исчезната откако куќата во која живеела попладнево била зафатена со пожар. Мештаните се сомневаат дека таа настрадала кога се сокрила во подрумот обидувајќи се да се спаси од пожарот што го зафатил дворот, но никој официјално не ја потврдува информацијата.

    Повторно се разгорел пожарот во Мургаш

    Повторно се разгорел пожарот во Мургаш

    Пожарот во кумановското село Мургаш повторно е активен, откако околу пладне бил ставен под контрола. Од Територијалната противпожарна единица Куманово, велат дека тие во текот на ноќта и утринава го изгаснале пожарот, но добиле дојава од мештаните дека тој повторно се разгорел.

    Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени

    Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени

    Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Ставен под контрола пожарот во Кокино откако во гаснењето се вклучија хеликоптери

    Ставен под контрола пожарот во Кокино откако во гаснењето се вклучија хеликоптери

    Пожарот во селото Кокино, Општина Старо Нагоричане е ставен под контрола откако хеликоптери на Армијата денеска напладне околу еден час се вклучиле во гаснењето на огнот. Хеликоптерите интервенираа откако утрово локалните пожарникари алармираа дека тие самите не можат да се справат со огнената стихија поради непристапниот терен.