×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Михајловски: Куманово ќе биде чист град и ќе има бесплатен приклучок на гас

    Михајловски: Куманово ќе биде чист град и ќе има бесплатен приклучок на гас

    Да направиме промени. Тоа сакам да го направам со вас, со ваша подддрша, бидејќи е за вас, рече Тони Михајловски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг.  Михајловски се осврна на дел од проектите кои ќе ги реализира во текот на мадатот, меѓу нив е изградба и заокружување на патнатата инфраструктура.

    Илиевски: Во Куманово со 100 илјади жители имаме само 4 детски катчиња

    Илиевски: Во Куманово со 100 илјади жители имаме само 4 детски катчиња

    Имаме само четири детски катчиња во општина од над 100.000 жители, со детско катче во секоја населба да обезбедиме среќно детство за сите наши деца во Куманово, порача денеска Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово при посетата на граѓаните од Бедиње и Карпош кадешто истакна дека само со аплицирање на проекти можеме да го придвижиме градот напред.

    Зелен ѕид од дрвореди најави кандидатката за советничка Вељковиќ

    Зелен ѕид од дрвореди најави кандидатката за советничка Вељковиќ

    Се залагаме околу училиштата да се направи „Зелен ѕид” од дрвја со цел да се намали загаденоста во училишните дворови, каде децата за време на одмор и на часовите по физичка активност, престојуваат. И не само тоа, на тој начин ќе се зголеми и бројот на садници, односно зеленило, изјави Олгица Вељковиќ – кандидат за советник од „Движењето одлучно за промени“, на коалицијата ЛДП и ДОМ.

    Јавна објава на ценовникот на Кумановоњуз.мк за платено политичко рекламирање за локалните избори 2021

    Јавна објава на ценовникот на Кумановоњуз.мк за платено политичко рекламирање за локалните избори 2021

    Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните Локални избори 2021 година, порталот Кумановоњуз.мк  ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања.

    Илиевски најави проширување на кејот, велосипедски и пешачки патеки

    Илиевски најави проширување на кејот, велосипедски и пешачки патеки

    Се наоѓаме во Градскиот парк, место за спорт, рекреација и дружење. Во време на динамичен и брз начин на живот, ваквите места нѝ се повеќе од потребни. Затоа, во програмата „Најдоброто за Куманово“ еден од позначајните проекти е изградба на авангарден детски парк, адреналиски парк, велосипедски парк/вело парк, како и 4 паркови со најразлични содржини на Градскиот кеј, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски.

    Нови кружни текови и пешачка зона во централното градско подрачје, најави Петковски

    Нови кружни текови и пешачка зона во централното градско подрачје, најави Петковски

    Кандидатот за советник од иницијативата „За наше Куманово“ Стефан Петковски, на денешната прес-конференција истакна дека сообраќајната инфраструктура е клучниот фактор за непречено движење и функционирање на граѓаните, кои се директни учесници во сообраќајот.