Во Куманово петмина новозаболени, 46 активни случаи на коронавирус
Во последните 24 часа направени се 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1.