8200 ученици од основните и средните училишта ќе бидат опфатени во престојниот скрининг Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот ковид-19.
Затворен пунктот за масовна имунизација во Бедиње, вакцинацијата продолжува во „Уред“ Пунктот за масовна имунизација во спортската сала во населбата Бедиње повеќе нема да функционира. Вакцинацијата продолжува во Здравствениот дом, познат како „Уред“.
Бензините поскапуваат за еден и пол, а дизелот за два денари Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизелот за два денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Exit poll АНКЕТА: Куманово без втор круг, Илиевски победник во првиот круг На петтиот ден од изборната кампања, анкетите покажуваат дека кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, е победник во првиот круг во Куманово.
Димитриевски води во Куманово според анкетата на М проспект Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски има повисок рејтинг од останатите кандидати во пресрет на локалните избори во Куманово.
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита Министерството за труд и социјална политика(МТСП) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2021 година.
Михајловски: Куманово ќе биде чист град и ќе има бесплатен приклучок на гас Да направиме промени. Тоа сакам да го направам со вас, со ваша подддрша, бидејќи е за вас, рече Тони Михајловски кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг. Михајловски се осврна на дел од проектите кои ќе ги реализира во текот на мадатот, меѓу нив е изградба и заокружување на патнатата инфраструктура.
Димитриевски: Имаме план и визија за развој на Куманово Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски вечерва одржа средби со жителите од село Пчиња, село Доброшане и населбата Јане Сандански (Бабин дол).
Во Куманово 1081 активни случаи на ковид-19, денеска уште 25 новозаболени Во изминатите 24 часа регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.636 тестирања.
Илиевски: Во Куманово со 100 илјади жители имаме само 4 детски катчиња Имаме само четири детски катчиња во општина од над 100.000 жители, со детско катче во секоја населба да обезбедиме среќно детство за сите наши деца во Куманово, порача денеска Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово при посетата на граѓаните од Бедиње и Карпош кадешто истакна дека само со аплицирање на проекти можеме да го придвижиме градот напред.
Зелен ѕид од дрвореди најави кандидатката за советничка Вељковиќ Се залагаме околу училиштата да се направи „Зелен ѕид” од дрвја со цел да се намали загаденоста во училишните дворови, каде децата за време на одмор и на часовите по физичка активност, престојуваат. И не само тоа, на тој начин ќе се зголеми и бројот на садници, односно зеленило, изјави Олгица Вељковиќ – кандидат за советник од „Движењето одлучно за промени“, на коалицијата ЛДП и ДОМ.
Во Куманово 41 новозаболен од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 468 новислучаи на ковид-19, а направени се 4.295 тестирања.
Јавна објава на ценовникот на Кумановоњуз.мк за платено политичко рекламирање за локалните избори 2021 Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните Локални избори 2021 година, порталот Кумановоњуз.мк ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања.
Спасовски: Владата на СДСМ за 4 години во Куманово вложи над 120 милиони евра Потпреседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потсети дека Куманово 11 години не падна пред режимот, гордо му пркосеше, опстои и остана како град на револуцијата.
Еден починат и 39 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на ковид-19.
Илиевски најави проширување на кејот, велосипедски и пешачки патеки Се наоѓаме во Градскиот парк, место за спорт, рекреација и дружење. Во време на динамичен и брз начин на живот, ваквите места нѝ се повеќе од потребни. Затоа, во програмата „Најдоброто за Куманово“ еден од позначајните проекти е изградба на авангарден детски парк, адреналиски парк, велосипедски парк/вело парк, како и 4 паркови со најразлични содржини на Градскиот кеј, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски.