Нови кружни текови и пешачка зона во централното градско подрачје, најави Петковски Кандидатот за советник од иницијативата „За наше Куманово“ Стефан Петковски, на денешната прес-конференција истакна дека сообраќајната инфраструктура е клучниот фактор за непречено движење и функционирање на граѓаните, кои се директни учесници во сообраќајот.
МЗ: Ревакцинирани 43.6% од полнолетните граѓани во државата Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.162 дози вакцини, од кои 994 се аплицирани како прва доза, 3.114 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина.
Ќе го вратиме сјајот на спортските објекти во Куманово, најави Михајловски „Соколанската сала ќе ја претвориме во спортски музеј на Куманово, а спортската сала која беше бисер на Балканот ќе ја реновираме и гасифицираме, рече на денешната прес-конференција Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.
Центарот за култура слави голем јубилеј - 40 години постоење Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денеска го прославува патрониот празни и 40 години постоење и успешна работа, испраќајки ја пораката дека ќе остане храм на културата во нашиот град.
Мојсоски: Со идниот градоначалник Илиевски ќе донесеме големи спортски успеси на Куманово Претседателот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, вечерва се обрати на мини митинг пред кумановци, при што потсети дека Владата заедно со Агенција обезбеди средства за изградба на повеќе спортски терени во Куманово, а најави дека таа поддршка ќе продолжи и во наредниот период.
Еден починат и 49 новозаболени од коронавирус во Куманово Еден пациент ја изгубил битката со кронавирус, а 49 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Михајловски и Доцевска-Божиновска на средби со граѓаните од „Карап Маала“ и кај Економското училиште Кандидатот за градоначалник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, заедно со кандидатите за советници и носителот Елена Доцевска Божиновска во вторникот и средата ги посетија домовите на граѓаните од Урбаната заедница Благој Стевковски Гојчо, поточно реонот на популарната „Карап Маала“ и зградите до средното Економско училиште.
Шопингот во дрогериите на дм е вистинско уживање Дали и вам ви се случило да влезете во дм да купите гел за туширање или шампон, а половина час подоцна да излезете со полна кеси производи? Ви звучи познато, нели? Шопингот во дрогериите на дм за многумина од нас е вистинско уживање. Почнувајќи од атмосферата, љубезните вработени, па сѐ до асортиманот кој го нудат овие дрогерии...секогаш можеме да најдеме сѐ што ни е треба за нас, нашите најмали, нашиот дом.
СДСМ врши притисок врз вработените во државните институции, обвини Павловски СДСМ во Куманово врши притисоци врз вработените во СВР Куманово при МВР, во здравствената установи, во градинската и на вработените во образовните институции, обвини Николај Павловски од независната листа за советници „За наше Куманово“, на денешната прес-конференција.
Кампања: „Безбедно возење со трактор" Голем број возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола и голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини, учествуваат во сообраќајот, нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни.
Градинки во населбите „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“ најави Јакимовска Симона Јакимовска, кандидатка за советичка на листата на СДСМ, најави изградба на детски градинки во населбите „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“, доколку ја добијат поддршката на граѓаните.
Пазареле во маркет со фалсификувани евра Три непознати лица вчера пуштиле во оптег лажни евра, откако со нив пазареле во маркет во Куманово.
Градоначалникот не треба да се занимава со високa политикa, туку со проблемите на граѓаните, порача Спасовски Џабе е програмата ако немате квалитетни луѓе, кои се посветени, работат и го сакаат својот град, истакна пред кумановчани потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој додаде дека кандидатот Оливер Илиевски е иден градоначалник и како човек е чесен, достоинствен, комуникативен и многу вреден.
Димитриевски: Граѓанскиот концепт „За Наше Куманово“ ги обединува сите Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, вечерва беше на средби со жителите од Б.С Гојчо, Панче Пешев и село Проевце.
Пописот е од витално значење за државата и треба сите да се попишат, велат од Владата Според Државниот завод за статистика до синоќа до 20:00 часот се попишани 1.768.710 граѓани, 548.694 домаќинства и 795.494 станови. Во однос на дијаспората до изутрината се самопопишале 201.247 наши иселеници.
Илиевски најави изградба на канализациона мрежа во Пчиња и Романовце Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, попладнево се сретна со жителите на кумановските села Пчиња и Романовце, при што разговараше за проблемите со кои се соочуваат.