Двајца починати и 65 новозаболени од коронавирус во Куманово Две лица на возраст од 67 и 77 години починаа од компликации на коронавирус, а уште 65 лица се позитивни на ковид-19. На ниво на државата регистрирани се 760 нови случаи, а починале 23 лица.
Граѓаните имаат уште 4 дена да ги пријават штетите од пожарите во кумановско Во наредните 4 дена сопствениците на опожрените куќи и имоти можат да ги пријават претрпените штети во Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Куманово.
Ќе ги исклучите ли и сите членови што ја потпишаа мојата кандидатура, праша Димитриевски Денешниот став на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека ќе бидам исклучен на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на секретарот Николовски дека сум се самоисклучил не е вистина, и го потврдува мојот став дека формално правно сум сеуште член на СДСМ. Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистинатаи не се служат со манипулации и инсинуации, одговори Максим Димитриевки, откако Зоран Заев кажа дека ќе биде исклучен од партијата затоа што го прекршил статутот.
Максим тргна против Максим, а во Куманово ќе победи тој што победува веќе 30 години, кажа Заев Максим Димитриевски ја донесе одлуката за исклучување од СДСМ кога одлучи да оди како независен кандидат, тој многу добро ја знае процедурата, но Максим тргна против Максим, рече денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев, за независната кандидатура на Димитриевски.
Уште една измама за огревно дрво - жртва 69-годишна жена од кумановско село Шеесет и деветгодишна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице при купување на огревно дрво.
Дел од градот и повеќе села денеска и утре без струја Поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, денеска и утре без струја ќе останат повеќе населени места.
Одлуката за мое исклучување од СДСМ е нелегитимна и шверцерска, вели Димитриевски Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевки, кој собра потписи за независен кандидат за градоначалник на престојните локални избори, реагира на одлуката на раководството да го исклучи од партијата.
Во некогашната касарна во Куманово ќе се формира Центар за обука за управување со кризи Зградата во која што се наоѓаше воената амбулантата во кругот на поранешната касарна „Христијан Карпош“ во кумановската населба Бедиње, ќе се реконструира за потребите на Регионалниот центарот за управување со кризи (РЦУК).
СТАВ: (НЕ)ДОВЕРБА Почитувани читатели, полека но сигурно дојдовме до финалето. До крајната цел. До финалната и конечната разврска кога се полагаат сметките. Кога сме соочени и свртени со лицето кон вистината. Кога треба да добиеме од животот она што имаме храброст и одлучност да го побараме.
Вечерен шопинг со големи попусти и изненадувања во River Soft River Soft организира вечерен шопинг со големи попусти и изненадувања за потрошувачите во салонот во Куманово, кој се наоѓа на улицата „Железничка“, спроти влезот на касарната „Боро Менков“.
22-годишно момче меѓу новите четворица починати од ковид-19 во Куманово, регистрирани 53 новозаболени Момче на 22-годишна возраст од Куманово почина од компликации на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје. Тоа пред десетина дена било донесено во Кумановската болница со веќе развиена масивна пневмонија, по што било префрлено на лекување на клиника.
Оливер Илиевски кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово Директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово.
Попладнево СДСМ ќе го соопшти името на кандидатот за градоначалник на Куманово Извршниот одбор на СДСМ синоќа ги утврдил кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори, соопштија од партијата. Меѓу нив е и кандидатот за Општина Куманово.
Чистењето на расфрланиот отпад вo Североисточниот регион ќе започне во септември По неколку одложувања на почетокот на работите, во септември треба да започне чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање.
МТСП: Во тек е етапната исплата на августовските пензии Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на августовските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Потписи собраа еден кандидат за градоначалник и пет носители на листи за советници во Куманово, Нагоричане и Липково Kандидатoт за градоначалник Максим Димитриевки и пет носители на листи за советници ги собраа потребните потписи во канцеларијата на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово или на нотар , за учество на локалните избори на 17 октомври.