Полицијата растури семејна веселба во Лопате, имал 30 гости и пукал со оружје Во СВР Куманово, вчера било пријавено дека В.Б.(25) во својата семејна куќа во с. Лопате, организирал семејна веселба и пукал со оружје.
Тротоари и лежечки препреки побараа жителите на Бедиње на денешниот протест Жителите од населбата Бедиње денеска ја блокираа едната коловозна лента на регионалниот пат Куманово- Липково, револтирани од ингорантскиот однос на локалната и државната власт кон инфраструктирните и сообраќајни проблеми, со кои секојдневно се соочуваат, и им ја загрозуваат безбедноста.
Педесета седница на Советот на Општина Куманово Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, последна во оваа година. На дневен ред се 62 точки од кои најзаначајна ќе биде донесувањето на буџетот на Општина Куманово за 2021 година. Советниците ќе расправаат и по извештаи за работа на јавните претпријатија и установи, како и за развојни програми за работа.
Разбиена група што продавала лажни ковид тестови - се претресувале објекти во Куманово Одделот за криминалистичка полиција и Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово во координација со Агенцијата за национална безбедност во текот на вчерашниот ден изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.
„Терма лифт“ и „Зафир“ добитници на престижното признание за македонски квалитет Компанијата „Терма лифт“ и слаткарница „Зафир“ од Куманово, добитници се на Престижното признание за македонски квалитет, кое традиционално, секоја година го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот Стево Пендаровски.
Кумановка нападната од нејзините браќа Д.А.(35) од Куманово вчера во 19 часот, пријавила дека во 15.30 часот на подрачје на Гази Баба била физички нападната од нејзините браќа Е.Б. и М.Б.
Жителите на Бедиње ќе протестираат поради честите сообраќајки во населбата Граѓаните во населбата Бедиње, утре од 12 до 13 часот, ќе го блокираат улицата 11 Ноември, кај бензинската пумпа „Алија Комерц“ на почетокот регионалниот пат Куманово- Липково, револтирани од несовесното однесување на дел од возачите, кои не ги почитуваат собраќајните правила во населено место и ги загрозуваат нивните животи.
Пронајден ракетен фрлач во липковско Во полициското одделение Матејче, завчера Р.С.(49) од с.Отља, пријавил дека во близина на селото забележал рачен ракетен фрлач „зоља”, информира МВР.
Двајца починати, 28 новозаболени и 29 оздравени од коронавирус во Куманово Вчера се регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19, од 1.892 тестирања, а 26 лица починаа во болнички услови по компликации од коронавирус.
Непрописно паркираните возачи добија опомени, се правдаат дека застанале на кратко Голем број на автомобили се паркирани на недозволено место во градот, а сопствениците се праваат дека застанале на кратко или дека поради метежот во сообраќајот не можат да најдат простор за паркирање.
Бошковска: Здравствените работници ќе добијат награда од 30 илјади денари 7.600 вработени во здравствените установи кои со месеци се во првите борбени линии и секојдневно помагаат и работатa со зaболените од ковид-19, добиваат еднократна награда во висина од 30.000 денари, - изјави Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.
Во еден ден казнети 96 возачи во Куманово Во текот на вчерашниот ден биле изречени 96 казни на возачи во Куманово и тоа претежно за брзо возење, возење без возачка дозвола, а исто така и за возење на нерегистрирани возила.
Бислимската клисура и Козјачијата најпосетувани од планинарите и љубителите на природата Бислимската клисура и планината Козјак сe најпосетуваните места од планинарите и љубителите на природата, откако започна коронакризата.
Двајца починати, 31 новозаболен и 26 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 592 нови случаи на ковид-19, направени се 2206 тестирања, а во болнички услови починаа 21 пациент, соопшти Министерството за здравство.
Започна поставувањето на полуподземните контејнери во градот Започна поставувањето на првите полуподезмни контејнери во централното градско подрачје.
Голем интерес за обука на книговодители, негователи и фризери Дваесет и три лице се вклучиле во обуката занимања, којашто се спроведува преку Центарот за вработување на Куманово, a e наменета за корисниците на загарантирана минимална помош, со цел да се зголеми конкурентноста на оваа група на пазарот на трудот.