Мени

Во Куманово осум новозаболени од коронавирус, еден починат, соопшти Министерството за здравство

Во Куманово осум новозаболени од коронавирус, еден починат, соопшти Министерството за здравство

Mаж на возраст од 77 години од Куманово е еден од двајцата пациенти заболени од коронавирус кои починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Во време на полициски час три аптеки ќе работат до 15 часот, потоа една на повик од дежурен лекар

Во време на полициски час три аптеки ќе работат до 15 часот, потоа една на повик од дежурен лекар

 Денеска и утре од 8 до 15 часот, граѓаните доколку имаат потреба можат да ги посетат следниве аптеки:    „Еурофарм“ Плоштад Нова Југославија бр.2, „Аптека Куманово 2“ ул. Христијан Тодорвски Карпош бр.45 и „Про виталис“  ул.11 Октомври бр.45.

Маркетите да вршат онлајн продажба, побара кризниот штаб во Куманово

Маркетите да вршат онлајн продажба, побара кризниот штаб во Куманово

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок побара од Владата да овозможи маркетите да работат на испорака на храна и да има повеќе дежурни аптеки, бидејќи дел од граѓаните вчера не успејале да  купат се што им е неопходно додека трае полицискиот час. 

Полициски час во Куманово од денес во 21 часот до понеделник во 5 часот

Полициски час во Куманово од денес во 21 часот до понеделник во 5 часот

Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.

Украдени и оштетени уредите за автоматска дезинфекција на автомобилите во Куманово

Украдени и оштетени уредите за автоматска дезинфекција на автомобилите во Куманово

Несовесни граѓани украле и оштетиле два од трите уреди за автоматска дезинфекција на автомобили, коишто Општина Куманово ги постави на три локации на влезот во градот, заради српечување на ширење на коронавирусот.

За тројца прекршители на полицискиот час во Куманово побарани казни

За тројца прекршители на полицискиот час во Куманово побарани казни

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Засега не се размислува за заострување на мерките во Куманово, смета Филипче

Засега не се размислува за заострување на мерките во Куманово, смета Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека се следи внимателно ситуацијата со бројот на заболени во Куманово и ширењето на коронавирусот, но оти засега нема потреба од дополнителни заострени мерки.