На Табановце откриени мигранти сокриени во контејнер од товарен воз Четворица мигранти од Авганистан ноќеска се откриени на железничкиот премин Табановце во товарен воз кој доаѓал од Грција.
За една недела 64 заболени од грип во Куманово Во Куманово во последните седум дена има зголемување на бројот на заболени од грип. Оваа недела се регистрирани 64 случаи, во споредба со претходната недела кога биле регистрирани 17 случаи.
Понеделник неработен ден за граѓаните од српската заедница Српската заедница во Република Македонија, во понеделник го слави празникот Свети Сава.
Над 1000 посетители дневно на лизгалиштето во Куманово Над 1000 посетители секојдневно доаѓаат на лизгалиштето на мраз во Куманово, кое беше поставено минатата недела.
СПМ организира трибина за животот и делото на Гоце Делчев Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) организира научна трибина „Животот и делото на Гоце Делчев во колективната меморија на македонскиот народ“, на 3. февруари во партиските простории во Скопје.
Скопјанец се обидел да нападна обезбедувач на казино Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Светосавска академија за празникот на Србите во Куманово Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), организираат Светосавска академија, по повод националниот празник на Србите во Македонија, „Св. Сава“.
Започна пријавувањето на пензионерите за бесплатна бања Од Фондот за пензиско и инвалидеско осигурување информираат дека кориснците на пензија можат да поднесат пријави за бесплатен престој во бања до 14 фебруари.
Зоната на паркирање ќе се прошири за 200 паркинг места Јавното претпријатие „Куманово-паркинг“, во наредните 6 месеци ќе ја прошири зоната за паркирање за околу 200 нови паркинг места.
Билборди „На патот“ за туристичка промоција на регионот Во рамките на проектот „На патот“, кој го спроведува здружението „ЛАГ АБЕР-2015“ поставени се билборди за промоција на туристичкиот потенцијал во регионот.
Гимназијата „Сами Фрашери“ да се пресели во училиштето „Вук Караџиќ“, бара советникот Муадини Советникот Осама Муадини од Алијансата на Албанците, побара од Општина Куманово, гимназијата „Сами Фрашери“, која работи во просториите на поранешен ЗИК, да се дислоцира во зградата на Основното училиште „Вук Караџиќ“.
Се поставува кровот на спортската сала во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ Започна поставувањето на кровната конструкција на спортската сала на средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.
Слаѓана Ѓорѓиевска нов член на Советот на Општина Куманово Слаѓана Ѓорѓиевска од ВМРО-ДПМНЕ е новата советничка во Советот на Општина Куманово.
Жител на Брест вршел превоз на огревни дрва без лиценца СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(48) од с.Брест, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
Без проблеми започна второто полугодие за учениците во Куманово По 21 ден одмор, денеска за учениците од oсновните и средните училиштa во Куманово започна второто полугодие од учебната 2019/2020 година.
Центарот за култура доби 6 милиони денари за проекти, обезбедени пари и за нова миксета Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Министерството за култура ќе добие околу 6 милиони денари за проекти од Годишната програма за поддршка на проекти од културата од национален интерес во 2020 година.