Младите со разговор да ги решаваат проблемите Младите на возраст од 18 до 27 години од различни националности до 7 март можат да се пријават за учество на трибини и работилници кои ќе ги организираат повеќе невладини организации.
Земјоделците и годинава на саем во Пловдив Земјоделците од кумановско и годинава на 5 и 6 март ќе го посетат меѓународниот саем “Агра 2014“ во Пловдив, соседна Бугарија.
Избор на Зимска убавица во клуб Фанстастико Во петок во клуб Фанстастико за прв пат ќе се одржи избор на зимска убавица за 2014 година.
Општина Липково ќе стипендира студенти Општина Липково ќе додели стипендии на три категории на студенти и тоа: на социјално - загрозени семејства, од факултетите за природни науки и медицина и студенти со просек над 9.
Ќе се реновираат просториите на Пожарна? Територијалната единица за противпожарната заштита Куманово годинава планира да изврши реновирање на работните простории и гаражите каде се сместени возилата.
Кумановци слават Свети Валентин и Свети Трифун Денеска православните христијани го слават Свети Трифун, а католиците Свети Валентин.
„Водовод“ и „Чистота“ добиjа програми за работа Јавните претпријатија „Водовод„ и „Чистота и зеленило„, на денешната седница конечно ги добија програмите за работа за 2014 година.
Наврнаа 9 литри дожд во кумановско Во кумановско вчера наврнаа 9 литри дожд на метар квадратен, соопштуваат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Ноќната амбуланта се сели во Уред Ноќната амбуланта која сега работи во просториите на Брза помош од петок ќе се пресели во Здравствен дом или т.н. Уред.
Проект за социјално претприемништво во “Порака наша“ Проект за социјално претприемништво ќе се реализира во дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“.
Честитки за Свети Валентин за хуманитарни цели Волонтери од Црвен Крст во наредните 4 дена ќе продаваат честитки за Свети Валентин, а собраните пари ќе одат во хуманитарни цели.
Седумчлено семејство живее со 2000 денари Седумчленото семејство Стојковски од населбата Игор Тричковиќ живее во невидена беда и сиромаштија.
Ограбена црквата Света Мина Во полиција вчера е пријавено дека била ограбена црквата Света Мина во Проевце.
Свежо цвеќе во спомен на Карпош Со положување на свежо цвеќе пред Спомен куќата на Христијан Тодоровски Карпош денеска беа одбележани 70 години од загинувањето на херојот.
23 деца сместени во интернатот во Драгоманце Оваа учебна година 23 деца престојуваат во интернатот во с.Драгоманце и посетуваат настава во основното училиште “Христијан Т.Карпош“.