13 сантиметри снег во Куманово Во Куманово од вчера попладне до утринава наврнаа 13 сантиметри снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.
Граѓаните бараат социјални станови Граѓаните во рамки на “Отворен ден“ денеска го посетија подрачното Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и најголем дел од нив се интересирале за изградба на социјални и станови за граѓани со ниски примања.
Свети Сава одбележан и во “Браќа Рибар“ Приредба за Свети Сава денеска имаше и во основното училиште “Браќа Рибар“ во с.Табановце.
Прес соопштение На 19 Декември 2013 год., Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово започна со имплементација на ЕУ проект “Лидерство и мотовација – занимање или професија” (Leadership and motivation – vocation or profession), Реф. бр. 2007CB16IPO007-2012-3-042, финансиран по програмата IPA Cross-border Programme CCI Number 2007CB16IPO007 помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Голомразица на патиштата на повисоките места Сообраќајот на сите патишта во земјава се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од снег.
Обука за вработените во ЈП “Македонски шуми“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска се одржa обука за вработените во ЈП “Македонски шуми“ со цел тие да бидат поефикасни на своето работно место.
Извршена дезинфекција и дератизација во училиштата Извршена е дезинфекција и дератизација во поголем дел од училиштата во градот, а утре истото ќе се реализира уште во три основни школи.
Отворен ден во Друштвото за стопанисување со станбен и деловен простор „Отворен ден со граѓаните“ ќе се оддржат во понеделник од 10 до 14 часот во подрачното Друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, во Куманово.
Инвестиции на добиточен пазар и дуќани на улица “ЈНА“ Од ЈП “Пазаришта“ најавуваат дека во наредните 6 месеци ќе има инвестиции на Сточниот пазар во с.Долно Којнаре и ќе управуваат со дуќани на улица “ЈНА“.
Субвенционирано вработување на повеќе групи граѓани До крајот на месецов активните баратели на работа и компаниите можат да аплицираат за субвенционирано вработување.
Стечајците повторно протестираа пред штабот на ВМРО - ДПМНЕ Стечајците денеска повторно протестираа пред штабот на ВМРО - ДПМНЕ во комитет со цел да го изразат револтот бидејќи власта сака да обештети само мал дел од нив.
Студенти и волонтери можат да аплицираат за Еразмус Од средината на март до октомври студенти, наставници, волонтери, младински работници можат да аплицираат за добивање на средства од програмата Еразмус плус 2014 - 2020.
Занаетчиите незаинтересирани за субвенции Ниту еден кумановски занаетчија лани не аплицирал за добивање на државни субвенции за автентични занаети или промоција на занаетчиството.
“Наце Буѓони“ доби партнер училиште од Велес Училиштето “Наце Буѓони“ пред распустот склучи договор за партнерство со средното техничко училиште “Коле Неделковски“ од Велес.
Расте бројот на заболени од грип 378 заболени од грип се регистрирани во последниве две недели во Куманово.
Фармерите да ги ажуриираат регистрите До 15 март годинава фармерите имаат обврска да ги ажурираат фарм регистрите за да им бидат соодветно исплатени субвенциите за 2014 година.