Повторно во функција бројот 193 Дефектот на телефонската линија во Противпожарната служба е отстранет, по што од доцна синоќа бројот 193 повторно е во функција.
Грантови за училиштата и општините “Градиме мостови“ Училиштата, општините, наставниците, родителите и студентите можат да аплицираат за грантови од фондот “Градиме мостови“ за организирање на активности за зближување на децата од различни етнички заедници.
ФОТО ВЕСТ: Запалена корпа за отпадоци Корпа за отпадоци спроти подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи денеска беше запалена.
Се реновира крстилницата во Стара црква Старата крстилницата во црквата “Свети Никола“ која извесен период не се користеше сега се реновира.
Бројот 193 не работи, пожарна повикајте на 195 Од утринава не е во функција телефонскиот број 193 за пријавување на пожари во Општината.
Една пријава до “Меѓаши“ од Куманово Само еден случај на нарушување на правата на детето во Куманово е регистриран во текот на минатата година во Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“.
Боја и разредувач запленети на Табановце На граничниот премин Табановце, викендов се запленети 41 пакетче со ексцентрична брусна хартија, 3 канти од по 3 литри разредувач за боја, 6 канти боја од по 12 литри и 80 парчиња хартиена изолир трака.
160 фирми електронски пријавуваат и одјавуваат работници 160 кумановски фирми почнале електронски да пријавуваат и одјавуваат работници, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Шаховски турнир во чест на херојот Карпош Во клубот на армиски и полициски ветерани на 4 февруари во 10 часот ќе се оддржи традиционален шаховски турнир во чест на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
Предавање за матичен млеч Во клубот “Х.Т.Карпош“ во среда ќе се оддржи предавање за пчеларите за производството, чувањето и употребата на матичниот млеч.
Обука за јазична писменост на наставниците Во текот на зимскиот распуст наставници од одделенска настава во основното училиште “11 Октомври“ поминаа обука за јазична писменост.
“Сирма“ нa протест пред Шпанската амбасада Членките на “Сирма“ заедно со другите невладини организации денеска мирно протестираа пред Амбасадата на Шпанија во Скопје против ограничувањето на правото на абортус во Шпанија.
Блокирани сметките на стечајците заради МРТВ На повеќе од 60 стечајци деновиве им се блокирани сметките поради неплатен долг за радиодифузна такса.
УНИЦЕФ ќе интервјуира воспитувачки во градинка Претставници на УНИЦЕФ во понеделник ќе извршат мониторинг и евалуација во градинката “Анѓел Шајче“ во врска со спроведувањето на програмата за ран детски развој.
Внимавајте лизгави тротоари! Нека излезе градоначалникот и неговите служби да видат каков им е градот. Нели тврдеа дека се спремни за снегот, велат граѓаните
Сопственците да го исчистат снегот пред дуќаните Дуќанџиите и сопственици на деловни простори имаат законска обврска уште денеска треба да го исчистат снегот од тротоарот пред дуќаните.