Отворени денови на “Браќа Миладиновци“ Основното училиште “Браќа Миладиновци“, денеска ја промовираше работата на училиштето со штандови по математика, македонски јазик, техничко образовние, биологија, физика и екологија.
Реконструиран дел од “Октомвриска револуција“ Општина Куманово го реконструираше делот од “Октомвриска револуција“ кај бензинската пумпа близу Автобуската станица.
Волонтери подаруваат велигденски јајца на граѓаните Волонтери од Црвен Крст, денеска бојадисуваа велигендски јајца, кои ќе ги поделат на граѓаните.
42-ца кумановци заразени од шуга Од почетокот на годината четириесет и двајца луѓе побарале лекарска помош затоа што се заразиле од шуга.
Електрoнски весник за патронатот на „Вук Караџиќ„ Учениците и наставниците од ОУ “Вук Караџиќ“ по повод патронатот кој се одбележува денеска, подготвија електронски весник насловен како “Вуков цвет“.
Зачестија цревните инфекции Зголемен е бројот на граѓани кои побарале лекарска помош поради цревни инфекции.
Водоснабдувањето ќе се нормализира утре? Директорите на двете водоснабдителни претпријатија на денешниот состанок не се договорија за цената на водата, но најавуваат дека водоснабдувањето ќе се нормализира во најкус можен рок .
Велигден се ближи, јајцата поскапеа На Зелениот пазар во Куманово табла јајца се продава по цена од 180 до 220 денари.
Успешна крводарителска акција на Кокино Над 50 единици крв беа собрани на крводарителската акција, која вчера ја организираше здружението “Коледари“ кај опсерваторијата Кокино.
Во Средорек и Бејтови ниви дефекти на водоводната мрежа Утрово вода нема во населба Средорек, Бејтови ниви и на уште три улици во градот.
Кумановска „Буба„ на изложба во Скопје Стефан Геровски од Куманово, во недела ќе го изложи својот автомобил буба-фолсфаген на роденденскиот собир во Скопје, по повод три години од формирањето на Буба клуб Македонија.
Распишан конкурс за радио прилози По повод 9 мај - Денот на Европа, невладините организации Центар за меѓукултурен дијалог и Млади Европски федералисти ЏЕФ Македонија, распишаа конкурс за новинарски прилози на тема “Што Европа имаш во твоето маало“.
Граѓаните да не палат оган на отворено за 1 мај Од Противпожарната единица Куманово порачуваат граѓаните за 1 и 2 мај да не палат оган на отворено за да не предизвикаат пожар.
Кумановка втора на републички натпревар по екологија Горана Стојановска, ученичка од седмо одделение во ОУ “Браќа Миладиновци“, викендов на републички натпревар во Пробиштип освои второ место.
КУД “Карпош“ за Ѓурѓовден во Старо Нагоричане Културно - уметничкото друштво “Карпош“ на 5 мај ќе настапува на Ѓурѓовденски денови, кои ги организира месната заедница од Старо Нагоричане.
Стечајците ќе протестираат по празниците По Првомајските и Велигденските празници стечајците најавуваат помасовни и побројни протести во Скопје.
ВРАТИ СЕ БРАНКО, ВРАТИ СЕ ГРУЈО, СЕ ВИ Е ПРОСТЕНО! Знам дека кога ќе ја видите мојата слика и до неа насловниот текст,... Виктор Божиновски