Во „Христијан Карпош„ предавање за заштита од дрога Во ОУ „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо„ денеска беше промовиран проектот „Заедно за среќно и безбедно детство“, кој има за цел да ги запознае децата како да ја избегнуваат дрогата.
Се одбележуваат Денови на српскиот јазик Во ОУ “Вук Караџиќ“ денеска и во наредните три дена со низа активности ќе ги одбележуваат Деновите на српскиот јазик.
Шест нови апартмани во Домот за стари лица „Зафир Сајто„ Шест нови апартмани се изградени во Домот за стари лица „Зафир Сајто„ во Куманово.
СОНК: Просветарите заслужуваат повисоки плати Регионалникот просветен синдикат оддржа работна средба со министерот за образование, Панче Кралев на која разговарале за повеќе прашања, меѓу кои и зголемување на платите на просветните работници.
Деца засадија цвеќе во двор на градинка Децата од објектот “Развигорче“ во градинката “Ангел Шајче“, денеска засадија цвеќе во дворот по повод Денот на планетата земја.
Помош за сиромашните во Недела на солидарноста Во рамки на “Недела на солидарност“ од 22 до 28 месецов Црвен Крст Куманово ќе собира донации за помош на загрозени лица од руралните средини, посебно стари луѓе и лица со посебни потреби.
Бесправното сечење шуми не стивнува Во кумановско-липковскиот регион продолжува кражби на дрва и незаконско сечење на шуми, тврдат од Шумско стопанство Куманово.
Повеќето невработени кумановци пасивно бараат работа Заклучно со 15 април, во Агенцијата за вработување Куманово, доставени се 15.643 обрасци за пререгистрација на невработени. Поголем дел од нив пасивно бараат работа.
Ветеринарите советуваат - заштитете се од крлежи Ветеринарите ги советуваат сопствениците на домашни миленичиња да ги заштита од крлежи.
Во Куманово четворица заболени од хемофилија Во Куманово има регистрирани четири лица кои имаат проблеми со крварење, односно се заболени од хемофилија.
Учениците од “Киро Бурназ“ на образовно рандеву Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ во петок и сабота ќе учествува на образовното рандеву за средни стручни училишта во Тетово.
Кумановец и беровец незаконски жигосувале дрва Б.С.(60) од Берово и Ц.С.(58) од Куманово лани во јули незаконски ставиле жиг на дрва за огрев и ги пуштиле во промет.
Со субвенционирање вработени 22 кумановци Во Куманово се вработиле 22 лица со мерката субвенционирање при вработување која ја нуди државата.
Цвет и книга за редовните читатели По повод 23 април - Денот на книгата и авторското право во библиотеката “Тане Георѓиевски“ на читателите ќе им подарат книга и цвет.
Учениците од “Кочо Рацин“ најдобри по англиски јазик Основците од ОУ “Кочо Рацин“ викендов учествуваа на натпревар за спелување по англиски јазик кој го организира Американ колеџ од Скопје и Мировен корпус и се пласираа меѓу најдобрите.
Планинарска школа за основци Учениците од петто и шестто одделение до крајот на април можат да се запишат за учество на планинарска школа која функционира во рамки на Спортско рекративниот клуб “Козјак“.