Балетското студио “МАК“ наградено во Нови Сад Кумановското балетско студио “МАК“ викендов освои две први и едно второ место на “Данс фест„ во Нови Сад.
Во Куманово три нови ХИВ позитивни Три нови случаи на ХИВ позитивни се регистрирани во Куманово, од вкупно 20, колку се регистрирана во државата, соопштуваат од Институтот за јавно здравје од Скопје во пресрет на 1 декември - Светскиот ден за борба против сидата.
Режановце бара изградба на Етно музеј Од месната зедница на село Режановце го поддржуваат предлогот на пратеникот Оливер Спасовски, Владата да обезбеди пари за изградба на Етно музеј и канализациона мрежа во селото.
Регионален натпревар по противпожарна заштита Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се оддржи регионален натпревар на тема “Заштита од пожари“ на кој учество ќе земат деца од Куманово, Свети Николе, Пробиштип и Кратово.
Делот кај џамијата без вода Поради дефект на водоводните цевки утрово вода немаат станарите на улиците „11 Октомври„, “Црнотравска“ и “Братство - единство“.
Дивите продавачи распослани на тротоарите во градот Зелка, праз, компири и друг зеленчук се продава на самата улица, без никаков проблем, на штета на легалните тезгаџии и ЈП “Пазаришта“.
Предавање за пчеларите почетници Во просториите на клубот “Христијан Карпош“ утре ќе се оддржи предавање за пчелари почетници.
Трибина за насилство врз жената Здружението на жени “Кумановка“ и Националната мрежа за семејно насилство, утре напладне ќе организира трибина на тема “Насилството врз жената - карактеристика на македонското општество“.
Наставниците бараат полн фонд часови Од Регионалниот одбор на СОНК, до градоначалниците на североисточниот регион испратиле писма, со кои бараат наставниците кои се веќе вработени да им се обезбеди полн фонд на часови, наместо да се прима нов кадар.
Tрибина на ВМРО-ДПМНЕ за локалната самоуправа Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре вечер ќе се оддржи трибина што ја организира Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ.
Штрајкот на лекарите се радикализира? 48 лекари специјалисти од Општа болница Куманово штрајкуваат, а на одделите за хирургија, анестезија, инфективно се примаат само итни случаи.
Пензионерите подготвуваат нова претстава Членовите на драмската секција во Здружение на пензионери Куманово наскоро ќе започнат со подготвување на претставата “Р“, работена според дело на Јордан Плевнеш.
Шест кубици суво лисје се собира дневно Во Куманово од јавните површини секојдневно се полнат по три трактори, односно се собираат шест метри кубни суво лисје.
Граѓаните ја игнорираат петицијата за автобуската станица Слаба е подршката на граѓаните на петицијата за реновирање на автобуската станица во Куманово.
Танцовите двојки од Динамик ги чекаат натпревари Танцови двојки од клубот “Динамик“, до крајот на годината ги очекуваат два натпревари за бодување на државно првенство.
Бесплатно мерење на притисок и шеќер за пензионерите Во просториите на Црвен Крст Куманово денеска пензионерите ќе можат да направат бесплатна проверка на шеќер во крвта и крвен притисок.