Стечајците се потпишаа за поевтина струја Над двесте стечајци денеска во просториите на ДИК се потпишаа на петицијата која ја распиша граѓанската иницијатива “Аман“ за враќање на ефтината тарифа на струјата.
Нема работа за редовните студенти Во земјава мал број студенти имаат можност паралелно да работат и студираат, бидејќи фирмите ретко ангажираат персонал на половина работно време.
“Трето полувреме“ со одличен старт Македонскиот филм “Трето полувреме“ синоќа премиерно беше прикажан во Младинскиот културен центар “Козјак“ во 19 и 21 часот. Филмот кој се бори за Оскар побуди голем интерес кај кумановската публика.
Граѓаните ја потпишуваат петицијата на “Аман“ Стотина граѓани денеска се потпишаа на петицијата за Предлог-закон за измени во Законот за енергетка, што ќе значи враќање на евтина дневна тарифа на струја.
Учениците од Табановце ќе соработуваат со Детската амбасада Основното училиште “Браќа Рибар“ од село Табановце потпиша меморандум за соработка со Детската амбасада за сите деца во светот и Детски едукативен центар “4 јули“ од Прилеп.
Граѓани од Јужна Србија редовни муштерии во Куманово Граѓаните од Јужна Србија доаѓаат во Куманово за да купат евтини сувомеснати производи, обувки и облека.
Несовесни граѓани го злоупотребуваат бројот 194 Со години несовесни граѓани се јавуваат на бројот 194 за повик на итна медицинска помош и пријавуваат непостоечки случаи за брза интервенција.
Се поставаат тротоари во Пуковско На улица “400“ во населбата Иго Тричковиќ се асфалтира патека за пешаци.Градоначалникот денеска ја посети населбата за да види како се одвиваат градежните работи и до каде е изградбата на тротоарите.
ОУ “Браќа Рибар“ доби спортско игралиште Учениците од основното училиште “Браќа Рибар“ во село Табановце добија спортско игралиште.
Лука Гаревски осми на Балканско првенство во триатлон Лука Гаревски (18) од Куманово, студент на Факултетот за физичка култура во Скопје, го освои осмо место на Балканското првенство за јуниори во триатлон, кое се оддржа во Елазиг, Турција.
Пазарат ли кумановци електронски? Во развиените земји се поприсутно е купувањето по Интернет. За помладите електронското купување е многу практично, а постарите се плашат од злоупотреби и попрво би платиле во готово.
Лекарите ги повикуваат граѓаните да протестираат со нив Специјалистите во сабота напладне ќе протестираат во Скопје пред Владата и ги повикуваат граѓаните да излезат со нив и да им дадат поддршка.
Одземени возила на диви превозници Инспектори од Министерството за транспорт и врски, денеска во Куманово спроведоа акција за отстранување на возила, кои немаат дозвола за работа.
Волонтери од Црвен Крст исценираа сообраќајка За да го одбележат Денот на волонтерите, младите од Црвен Крст, во центарот на градот исценираа сообраќајна несреќа.
Нема пари, нема новогодишна еуфорија Граѓаните и дуќанџиите сеуште не почнале да ги украсуваат домовите и излозите. Продавачите велат дека последниве години поради финансиската криза, граѓаните помалку трошат и затоа нема некоја празнична еуфорија.
Децата учат за своите права Во ОУ “Крсте Мисирков“ вчера беше организирана презентација за правата на децата и како да препознаат и решат конфликти.