Писатели ќе го посетат училиштето во Умин Дол Десетина писатели од Куманово утре ќе одржат поетско читање во ОУ “Карпош“ од село Умин Дол по повод патронатот на училиштето.
Пријави за чуварите што им побегна затвореник Чуварите од затворот Идризово, на кои летоска им побегна затвореник пред Основниот суд Куманово, кривично ќе одговараат.
“Порака наша“ го одбележа Денот на лицата со попреченост Штитениците на Дневниот центар “Порака наша“ со приредба го одбележа 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Грипот мирува Од Центарот за јавно здравје велат дека состојбата со грипот не е загрижувачка. Мината недела се регистрирани 21 пациент со грип, а на почетокот на ноември се јавиле 6 луѓе со истите симптоми.
Локалните инвалидски здруженија го одбележаа 3 декември По повод Денот на лицата со хендикеп, вчера во просториите на Здружението на глуви и наглуви, спроти Градскиот стадион, вчера се одржа традиционална средба.
Лекарите не се плашат од инспекција - штрајкот продолжува Кумановските специјалисти заедно со колегите од цела Македонија, викендов протестираа во Скопје.
Ајдучка чешма и Никуљски пат без вода Без вода, утрово се жителите на населбата Ајдучка чешма и делот од населба Карпош, кои живеат на Никуљски пат.
Светиниколци и пробиштипјани најдобри на квизот за противпожарна заштита На 28-от регионален противпожарен натпревар кој се оддржа во Центарот за култура во градов, од пионерите најдобра беше екипата од Свети Николе, а од средношколците победи екипата од Пробиштип.
Се одбележува Денот за помош на лицата со попреченост По повод 3 декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост, паралелки од ОУ “Браќа Миладиновци“ организираат повеќе манифестации за да ја запознаат јавноста со потребите на овие луѓе.
Кумановските лекари специјалисти ќе протестираат во Скопје Дваесетина лекари од Општа болница Куманово, утре напладне ќе протестираат во Скопје, во кругот на клинички центар заедно со колегите од цела Македонија.
Ученици од музичкото училиште најдобри на натпреварување во Кавадарци На меѓународниот натпревар на камерна музика во Кавадарци, ученици од музичкото училиште “Панче Пешев“ освоија две први места.
Странци волонтираат во градот Над 15 странски волонтери престојувале во Куманово во изминатите години и реализирале повеќе проекти преку невладината организација “Центар за меѓукултурен дијалог“.
УЈП затвори осум фирми во Куманово Во акција направена вчера УЈП затвори осум објекти во Куманово поради неиздавање на фискални сметки.
Нема вода во Проевце и Којнаре Без вода утринава се граѓаните во населба Проевце и делот над сточниот пазар во Којнаре.
Лизгалиштето ќе работи од наредната недела Лизгалиштето на Градскиот кеј ќе биде отворено на почетокот на идната недела. Во тек се работите за поставување на конструкцијата на теренот за лизгање, кој ќе биде поголем од лани. Оваа година цените ќе бидат пониски во однос на лани.
На Градскиот кеј се садат рози Градскиот кеј е побогат за 90 садници рози и 50 грмушки, а планирано е во наредниот период оваа локација да добие вкупно 300 нови садници.