×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот Зоран Маневски меѓу новоизбраните заменици-министри во Владата на Ковачевски

    Кумановецот Зоран Маневски меѓу новоизбраните заменици-министри во Владата на Ковачевски

    Зоран Маневски од НСПД е нов заменик-министер за Министерството за економија. Тој е избран на функцијата синоќа заедно со останатите замениците-министри во Владата на Република Северна Македонија, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.

    Очекувам напролет да продолжи изградбата на пругата кон Бељаковце и Крива Паланка, најави Бочварски

    Очекувам напролет да продолжи изградбата на пругата кон Бељаковце и Крива Паланка, најави Бочварски

    Во однос на доизградбата на железничките делници на Коридорот 8, сакам да ја потенцирам политичката определба на оваа Влада, но и заедничката посветеност на Македонија, Бугарија и Албанија, преку потишаните Меморандуми за соработка и реализација на проектите долж овој Коридор, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на првиот состанок на мрежата на компании за железничка инфраструктура од Западен Балкан.

    Сертификатот за прележан ковид-19 да важи 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести

    Сертификатот за прележан ковид-19 да важи 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести

    Сертификатот за прележан ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести. Одлуката е донесена на денешната седница на Комисијата и ќе биде доставена до Владата.

    Судот ја одби тужбата на Апасиев против новинарите

    Судот ја одби тужбата на Апасиев против новинарите

    Денеска во Основниот Кривичен суд во Скопје беше објавена пресудата со која се ослободуваат од обвинение новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ од „А1он“. Оваа пресуда следи по претходно доставената приватна тужба на пратеникот и лидер на политичката партија „Левица“ Димитар Апасиев кој ги тужеше новинарите за „неовластено објавување на лични записи“ според член 148 од Кривичниот закон.

    Работниците се заканија со штрајк ако до петок нема договор за зголемување на минималецот

    Работниците се заканија со штрајк ако до петок нема договор за зголемување на минималецот

    Не е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари на денешната седница на Економско-социјалниот совет. Иако од Владата и Министерството за труд и социјална политика велат дека социјалниот дијалог е отворен, работниците најавија штрајк доколку до петок не се постигне договор за зголемување на минималната плата.

    Преговорите за минималната плата почнуваат во среда

    Преговорите за минималната плата почнуваат во среда

    Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставници на Организацијата на работодавачи, денеска одржаа прва работна средба на која главна тема беше барањето на синдикалците за  зголемување на минималната плата и важноста од социјалниот дијалог во државата.

    Сите кои работат во недела мора да добијат најмалку 50 отсто повисока дневница, порача Ковачевски

    Сите кои работат во недела мора да добијат најмалку 50 отсто повисока дневница, порача Ковачевски

    Работниците кои работат во недела мора да добијат најмалку 50 отсто повисока дневница, порача премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриката „Дура Аутомотив Системс“, лоцирана во ТИРЗ 2 зоната, која заради сложениот производствен процес мора да работи и за викенд.

    Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари

    Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари

    Владата во текот на месецот ќе го распише огласот за домаќинства со ниски приходи да добиваат намалени сметки за струја од 600 до 800 денари. За оваа намена од буџетот на Владата се обезбедени 60 милиони денари, односно помош ќе има за над 7.500 семејства.