Kовид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници, бара Синдикатот Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа побара ковид -19 да се признае како професионално заболување за сите работници, а на вработените кои ќе отсуствуваат од работа поради оваа болест, да им бидат исплатени 100 проценти од основицата на плата утврдена со закон.
Од утре забраната за движење од 21 часот, терасите на кафеаните ќе работат до 20.30 часот, одлучи Владата На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19.
За Велигден и Бајрам нема полициски час, кафеаните ќе работат до 20 часот, најави Филипче За Велигден и Бајрам да нема полициски час, и угостителските објекти да работат до 20 или до 20.30 часо, е новиот предлог на Главниот кризен штаб во Владата, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Tанцовите клубови бараат финансиска помош и да им се укине забраната за работа Приватните танцови клубови од земјава бараат финансиски надомест за претпрените штети во изминатата година, како и укинување на забраната за работа.
МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на априлските пензии Oд понеделник, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Денеска ќе се вакцинираат пратениците Пратениците од Собранието денеска ќе се вакцинираат во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“, соопштува Министерството за здравство. Вакцинацијата ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот.
Од први мај стартува електронски упис на првачиња, останува можноста за физичка достава на документите Од први мај се воведува нова услуга за електронски упис на првачињата. Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.
Српските државјани нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август во Македонија Во знак на благодарност кон Србија за донацијата на вакцини, српските државјани нема да плаќаат патарина во земјава од 15 јуни до 15 август. Ова го соопшти министерот Венко Филипче, кој денеска во Белград беше во посета на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“.
Македонските граѓани кои се вакцинирале во Србија, можно е да се ревакцинираат во земјава Ако се направи договор со македонското Министерство за здравство, македонските државјани кои се вакцинирани во Србија, можно е втората доза да ја добијат во земјава, кажа денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар по средбата со министерот Венко Филипче во Белград.
Шестиот пакет мерки предвидува 17,8 милиони евра за 10 илјади фирми и 60 илјади вработени Шестиот пакет на мерки за поддршка на стопанството, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, пришто ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60 илјади граѓани.
Стигнаа 10.530 вакцини на „Фајзер“, ќе се користат во вакциналните пунктови низ земјава Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информира Министерството за здравство.
Царовска:Училиштата се подготовуваат за новите наставни програми за прво и четврто одделение Основните училишта се подготвуваат за имплементација на новите наставни програми кои ќе стартуваат од есен.
Од 27 до 15 мај да се отворат летните тераси на кафеаните и полициски час да има од 21 до 5 часот, предлага Главниот кризен штаб Полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите, е новиот предлог на Главниот координативен кризен штаб до Владата. Штабот препорачува тековните мерки со полициски час од 20 до 5 часот и затворени кафулиња и ресторани да продолжат да важат до 27 април.
Направена втората трансплантација на срце во Македонија На Клиниката за кардиохирургија во Скопје ноќеска е извршена втората трансплантација на срце во Македонија. Операцијата беше извршена врз момче на 27 годишна возраст, а срцето го доби од девојка која загина во сообраќајна несреќа.
Се ограничуваат трошоците за угостителски услуги на државните функционери Сите државни функционери ќе имаат ограничување на трошоците на угостителските услуги. Со одлуката, која e донесена на денешната владина седница, се ограничуваат трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци и точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок. Ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок.
Пуштени дополнителни термини за вакцинирање лица на 73 и 74 години, закажување преку матичен лекар Дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години се пуштени во „А1 СЦ Борис Трајковски“ во Скопје. Од Министерството за здравство ја информираат јавноста дека термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација.