Кривопаланечкиот градоначалник ја донираше едногодишната плата за изградба на детско игралиште Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, целокупните приходи од платата за една година колку што се наоѓа на чело на општината , ја донираше за изградба на детско игралиште во населба Маневци.
Нов колективен договор за вработените во Општина Крива Паланка Вработените во Општина Крива Паланка добија нов колективен договор, кој беше потпишан од градоначалникот Сашко Митовски, а со кој се уредуваат правата, обврските и одговорностите на општинската администрација.
Драган Спасов Дац лауреат на 14-от Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ Познатиот актер Драган Спасов Дац е лауреат на 14-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што се одржува под покровителство на Општина Крива Паланка.
Показна вежба за справување со физичко и психичко насилство во училиштата Со симулација на физичко и психичко насилство во СОУ „Ѓорче Петров“ и мерки за справување, Локалниот совет за превенција на општина Крива Паланка ја проверуваше ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување при вакви случаи.
Општина Старо Нагоричане објави повик за доделување на Ноемвриска награда Општината Старо Нагоричане објави повик за доделување на Ноемвриска награда за 2022 година. Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Старо Нагоричане го распиша конкурсот по повод 11 Ноември - Денот на општината.
Алтернативните простори се инспирација за нови културни димензии во Крива Паланка Крива Паланка има неколку соодветно уредени простори за културни настани, но недостасуваат алтернативни места каде ќе се одвиваат поразлични форми на уметничко изразување и презентирање. Главно недостасуваат мали сцени за камерни настани и за мултимедијални проекти, а има потенцијали одредени постоечки локации да се преобликуваат и уредат во нови алтернативни простори за културни содржини.
Општина Крива Паланка додели парична помош на 126 првачиња Вкупно 126 семејства на првачиња добија еднократна парична помош од Општина Крива Паланка.
Реконструирана кино салата на Центарот за култура во Крива Паланка Кино салата на Националната установа Центар за култура од Крива Паланка доби нов изглед со реконструкција која е извршена после неколку децении.
Крива Паланка воведува зонско паркирање во централното подрачје Советот на Општина Крива Паланка ја усвои Одлуката за воведување на зонско паркирање во централното градско подрачје.
Во Дневниот центар за лица со попреченост во Липково престојуваат 14 деца, а има место за 38 Во Дневниот центар за престој на деца со попреченост, во село Оризаре престојуваат 14 деца, а има капацитет да прими 38 деца со попреченост од повеќе населени места во општината Липково.
Планинарски друштва од Куманово, Крива Паланка и Лесковац ќе го развиваат Европскиот пешачки пат Планинарски друштва од Североисточниот регион во Македонија и Јабланичко-Пчињскиот регион од Србија покренаа иницијатива за уредување и развивање на Европскиот пешачки пат Португалија - Грција на територијата на двете пограничните држави.
Велосипедот како мобилно и урбано превозно средство промовиран и на Европска недела на мобилност Во рамки на „Европска недела на мобилност“ денеска на подрачјето на Куманово и на Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово во соработка со претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се реализираа превентивни активност преку симболичното манифестирање на заедничко возење велосипеди во придружба на полициските службеници низ централните градски подрачја на двата града.
Граѓани ја чистеа црквата и трпезаријата во манастирот Матејче за празникот Мала Богородица Група граѓани и верници од Куманово, кои сакаат да го вратат некогашниот сјај на манастирскиот комплекс Матејче, вчера ги исчистиле црквата, дворот и трпезаријата на некогашното одмаралишто во пресрет на утрешниот празник Мала Богородица.
Автомобил излетал од пат кај Крива Паланка, повредени се возачот и сопатникот На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, ноќеска во 1.35 часот во близина на место викано „Цевки“ во Крива Паланка, патничко моторно возило „форд фокус“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од с.Конопница - Крива Паланка излетало од патот.
Зголемен капацитетот за уште 100 дечиња во градинката „Детелинка“ во Крива Паланка Објектот „Поточиња“, кој е дел од Детската градинка „Детелинка“ во Крива Паланка надограден е со пет занимални со капацитет за згрижување на уште 100 деца.
Земјоделците од Ранковце добија современ систем за наводнување Општина Ранковце доби современ систем за наводнување на Славишко поле, кој ќе обезбеди квалитетно и редовно наводнување на обработливите површини во Славишко поле. Со новиот хидросистем се решава долгогодишниот проблем на земјоделците и се создаваат услови за модерно земјоделство.