Награди и признанија за најхуманите крводарители во Крива Паланка Општина Крива Паланка организираше свеченост, по повод Денот на крводарителството, 17 Март, на која беа доделени награди и признанија за најхуманите граѓани-крводарители и поддржувачи на крводарителските акции на Општинската организација на Црвен крст.
Казнети 70 кумановци, 31 паланчанец и 11 кратовци, затоа што не носеле заштитни маски Вкупно 112 граѓани од општините Куманово, Крива Паланка и Кратово, се соочуваат со парична казна затоа што не носеле заштитна маска на лицето на јавен простор.
Притвор за осомничен за шверц на 13,2 килограми дрога Основниот суд од Куманово му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осомничено лице, кое неовластено пренесувало вкушно 13, 2 кг дрога преку граничниот пренин Деве Баир, на македонско-бугарската граница.
Крива Паланка ќе добие нов модерен Градски плоштад Нов Градски плоштад со атрактивни објекти и содржини се гради во Крива Паланка, која после цели 50-60 години ќе добие нов модерен лик на централното градско подрачје.
Казнети 58 кумановци, не носеле заштитни маски Педесет и осум граѓани на Куманово се парично казнети, затоа што не носеле заштитни маски на јавна површина.
Вo Крива Паланка отворена локална пратеничка канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ Канцеларија за контакт со граѓаните на пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, беше отворена денеска во Крива Паланка.
Состојбата со корона во Крива Паланка алармантна, Општинскиот штаб бара полициски час од 19 часот Општинскиот кризен штаб од Крива Паланка бара полицискиот час да започнува од 19 часот, наместо од 22 часот, како што стои во препораката на Комисијата за заразни болести.
Крива Паланка обезбеди 1,2 милиони денари за граѓанските организации Општина Крива Паланка оваа година ќе издвои 1,2 милиони денари од сопствениот буџет за финансиска поддршка на граѓанските организации кои делуваат на ова подрачје.
Мице Јанкуловски- уметник на светот во црна форма „Ми требаа 50 години за да сфатам дека црната боја ги содржи сите бои и се движи кон светлината“, вели мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски, кој по повод 50-годишното творештво има изложба на своите дела во ЛУ Градскиот музеј од Крива Паланка.
Крива Паланка потпиша договор за енергетски ефикасно осветлување преку јавно-приватно партнерство Општина Крива Паланка ќе добие енергетски ефикасно улично осветлување преку модернизација на системот по ЕСКО модел, кој ќе се реализира во рамките на јавното-приватно партнерство со Македонски телеком АД Скопје.
Рапидно зголемен бројот на новозаболени од ковид-19 во Крива Паланка Вкупно 115 нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во Крива Паланка за последните 10-тина дена, што претставува најголем бран на ширење на вирусот од почетокот на пандемијата. Денеска е регистиран еден починат и 5 новозаболени.
Изложба на слики на уметникот Мице Јанкуловски во Градскиот музеј во Крива Паланка Во Градскиот музеј од Крива Паланка, вечeрва во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на дела на мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски, по повод 50 години творештво.
40 стари и изнемоштени лица од Крива Паланка ќе добиваат помош и нега во домот Вкупно 40 стари, изнемоштени и осамени лица од Општина Крива Паланка, кои не се во можност да обезбедат основна социјална и здравствена грижа, ќе добиваат бесплатна нега и помош во домашни услови од страна на сертифицирани негуватели.
Се асфалтира патот до маалото Брадиновци во Младо Нагоричане Преку проект на Центарот за развој на Североисточен плански регион, а со средства од Бирото за рамномерен регионален развој, се асфалтира патот до маалото Брдановци во Младо Нагоричане.
Манастирот Матејче доби 1 милион денари за заштита на црквата и камбанаријата Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче, по долго години заборавеност ќе добие пари од државата за заштита на архитектурата и иконите. Министерството за култура за проекти од национален интерес во областа на недвижно културно наследство во 2021 година во програмата културно наследство во опасност, одвои еден милион денари за превентивни интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата и на камбанаријата на црквата Успение на Пресвета Богородица.
Поголема контрола на болните од ковид-19 кои не ги почитуваат мерките, побара Кривопалaнечкиот кризен штаб Општинскиот штаб за заштита и спасување на Крива Паланка бара засилени мерки и контроли врз болните од ковид-19, кои ги злоупотребуваат излегувањата за контроли и примање на терапија во кривопаланечката болница.