Кумановка измамила болна жена за 7000 долари М.Н.(35) од Куманово измамила своја сограѓанка за 7000 долари, ветувајќи и дека ќе и обезбеди хируршка интервенција во Србија.
Ќе се отвори Агенција за финансиска поддршка во земјоделството За неколку дена се очекува отварање на подрачна канцеларија од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството во Куманово.
На кумановските улици фрлени 48 тони сол Вчера попладне и по полноќ на улиците во градот е фрлен сол. Од Општина Куманово тврдат дека сите патишта и улици во градот се проодни.
Коледарите даруваа крв во спомен на Тоше Голем одзив имаше на крводарителската акција за роденденот на Тоше Проевски што ја организираше здружението на граѓани „Коледари„.
“Руле Турс“ ја купил Автобуска за 2,2 милиони евра Претпријатието „Руле Турс“ од Скопје го добило правото на располагање со имотот на кумановската автобуска станица на „Југ турист“ во стечај.
Средношколците да се вклучат во кампањата “Помалку отпад“ Средношколците можат да се вклучат во интернационалната кампања “Помалку отпад“ истражувајќи ги проблемите со отпадот во локалната заедница, влијанието врз растителниот, животинскиот свет, здравјето на луѓето, амбалажите кои се фрлаат и слично.
Запленети 5470 парчиња петарди На Градскиот плоштад во Куманово, полицијата запленила вкупно 5470 парчиња петарди од четворица продавачи.
Богата осмомартовска понуда во “Јоцо-Турс“ Туристичката агенција “Јоцо - Турс“ нуди богата понуда на осмомартовски патувања по поволни цени.
Се одржа Светосавска академија во Куманово Српската заедница Куманово, со академија, го прослави националниот празник на Србите во Република Македонија Свети Сава.
Кој ќе ги избрише навредливите графити? Графити со навредлива содржина, политички пораки и логоа на партии се ишкртани насекаде низ градот.
Хуманитарен базар за помош на “Порака наша“ Во почетокот на февруари ученици од здравствена струка од “Наце Буѓони“ ќе организираат хуманитарен базар за помош на Дневен центар “Порака наша“.
Двајца кумановци поседувале пиштоли без дозвола Жител на Куманово и на селото Кутлибег полицијата пронашла пиштоли за кои сопствениците немале дозволи.
Претседателот на Советот со честитка за Свети Сава Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски на припадниците на српската етничка заедница им го честита празникот Свети Сава.
Приредба за Свети Сава во ОУ “Вук Караџиќ“ Приредба во чест на денешниот празник Свети Сава се оддржа во основното училиште “Вук Караџиќ„.
Пожар во манастирот Прохор Пчински Пожар утринава зафатил еден објект во манастирот Прохор Пчински, кој се наоѓа во Србија на границата со Македонија .
Стечајците пред домовите на Пачков и Стоиљковиќ Стечајните работници денеска протестираа пред домовите на пратениците Јордан Пачков од ВМРО - ДПМНЕ и Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, за да им укажат дека направиле грешка бидејќи не гласале Законот за стечајци.