Матичните лекари ќе треба годишно да прегледаат половина од пациентите на возраст од 14 до 65 години, во спротивно Фондот за здравствено осигурување ќе ги казни со одбивање на партиципација.
Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација.
Спортските клубови до крајот на месецов можат да предложат спортисти, тренери или спортски работници кои според нив заслужуваат да бидат избрани за најдобри за 2013 година.
Во Диспанзерот за белодробни заболувања последниве денови има зголемен обем на работа, откако во градот има густа магла во утринските и попладневните часови.
Поради инвестициони зафати на мрежата, утре без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе бидат повеќе објекти во центарот на градот и домаќинства од повеќе улици.