1.000 евра казна ако фирмите не пријават и-мејл Сите фирми мора да пријават и-мејл адреса во централниот регистар во Македонија. Ако не го направат тоа до први април ќе се соочат со казни од 1.000 евра.
Старецот во Шупли Камен задавен Обдукцијата покажала дека старецот починал од насилна смрт предизвикана од давење
Масовно калемење на круши во Жегљане Општина Старо Нагоричане во соработка со Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието, Земјоделско училиште „Киро Бурназ“ од Куманово и Здружение на граѓани „Кокино - Изгрев„ во среда ќе организира калемење на дрвја во селото Жегљане.
Реката ништо не ја спасува ? Регулацијата на речното корито се направи за превентива од поплави, а се уреди за шетање, одмор и рекреација, па дај да се стегнеме и да се справиме со напасниците кои реката и натаму ја користат за депонија.
ОНЕ подари опрема за Брза помош Компанијата ОНЕ денеска во Здравствениот дом Куманово, донираше медицинска опрема за амбулантните возила на Брза помош. Донацијата е вредна 5 илјади евра, а содржи апарати, помагала и високо софистицирана опрема за транспортирање на повредените.
Словенци сакаат да вложат во бањата Стрновац Општината Старо Нагоричане има изработено урбанистичка документација и проект за изградба на спортско- рекреативен бањски центар "Стрновец", со хотелско-угостителски објекти, викенд-населба, мини - брана на реката и на речното корито на површина од 7 хектари
Учениците ќе чистат за Денот на пролетта По повод денот на пролетта, 21-ви март, само основните и средни училишта во градот, денеска организираат акција за чистење на дворовите. Во акцијата ќе земат учество и екипи на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило„, кои ќе го изнесува и депонира сметот.
ДПСМ во посета на Синодот на СПЦ Делегација на Демократската партија на Србите во Македонија, во Белград се сретанала со Синодот на СПЦ и Патријархот Иринеј.
Убиство или природна смрт на старецот во Шупли камен ? Според сеуште неразјаснети околности вчера околу 13 часот во неговата куќа во селото Шупли камен е пронајден мртов 79 - годишниот Радивоја Тасевски.
Во Куманово сеуште трае епидемија на морбили Во Куманово повеќе од шест месеци трае епидемијата на мали сипаници, каде над сто деца се заболени од оваа заразна болест.
Денот на крводарителството се одбележа во Куманово По повод Денот на крводарителствотo, Црвениот крст Куманово вчера одржа Свечена академија, на која на пригоден начин им се заблагодари на заслужните крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
Градоначалникот одговараше на советнички прашања До градоначалникот Зоран Дамјановски и до локалната администрацијата на денешната седница, советнички прашања упатија вкупно 20 советници, кои во речиси 99 проценти се однесуваат на проблеми на граѓаните во областа на комуналната изградба и уредување, а во прв ред на улиците и патиштата.
ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на поранешните работнички во социјално Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ги отфрла сите тврдења наведени во писмото под наслов „ВМРО-ДПМНЕ вработува исклучиво свои луѓе„,од поранешните вработени во Центарот на социјални работи Куманово, објавено пред два дена на Kumanovonews.
ТМОРО-ВЕП со ново раководство За нов претседател е избран Златко Крстевски адвокат од Куманово, како и 7 члена на Општински комитет на ТМОРО-ВЕП со решение истиот во наредниот период да биде проширен со уште неколку членови на партијата.
Советнички прашања на 43-та седница на Совет Утре ќе се одржи седница на Советот на Општината на која градоначалникот и раководителите на Сектори во локалната администрација ќе одговараат на прашања на советниците.
Затворена улицата „Братство Единство„ Затната канализациона цевка ја затвори улицата „Братство Единство„ покрај Градскиот стадион. Екипи на ЈП „Водовод„, работат на отстранување на дефектот.