СДСМ ја заврши кампањата „Рамо до рамо“ По три месеци СДСМ ја заврши кампањата “Рамо до рамо до победа“, која имаше за цел да ги потикне граѓаните да ги кажат нивните видување за локалните и национални проблеми, но и да споделат идеи и размислувања за надминување на истите.
Украл сообраќаен знак, фрлал со предмети кон возила и се заканувал на полициски службеници Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Крива Паланка, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста и сообраќајот“.
Куманово ќе донира 300 илјади денари за помош на поплавените во Делчево Општина Куманово ќе донира 300.000 денари како солидарна помош за Општина Делчево, која беше погодена од големи поплави.
Повредена малолетничка, со мопед излетaла од патот Малолетничка вчера е повредена во сообраќајна незгода на локалниот пат во селото Табановце.
Успешна еколошка акција во месната заедница “Панче Пешев“ Во заедничка акција на станарите и вработени во ЈП„Чистота и зеленило“ викендов се чистеа зелените површини од „Жмара“ до „Мај Маркет“ на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.
Обид за приклучок на диво ги остави без вода жителите на високата зона во Куманово Повеќе од 8 часа вчера останаа без вода жителите на високата зона во Куманово, поради оштетен шибер на главната водоводна мрежа на ул. Тоде Мендол, кај мостот на патот кон Романовце, предизвикан од обид за нелегално приклучување.
Приведени две лица, фатени со фалсификувани евра Полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско, синоќа околу 21 часот привеле две лица од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари.
Левица ја обвини „Чистота“ дека двапати им ги наплаќа сметките на граѓаните, од претпријатието велат се работи за ненамерни пропусти Кумановчани не само што мака мачат да ги платат сметките за комуналии кои во изминатиот период енормно се зголемени, туку и се принудени по втор пат да ги плаќаат сметките за комуналии кои претходно ги платиле, обвинуваат од Левица - огранок Куманово.
Семафор паднал врз кумановец Кумановец пријавил во полицијата дека врз него паднал семафор додека се движел по улица.
Изложба на цртежи на Љубе Чаловски во Центарот за култура Во изложбениот салон на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово утре вечер/среда/ во 19 часот ќе биде отворена изложба на цртежи на архитектот Љубе Чаловски.
„За наше Куманово“ ќе учествува на следните парламентарни и претседателски избори Како нов политички субјект ќе учествуваме на следните претседателски и парламентарни избори, без разлика дали ќе бидат редовни или предвремени, најави Максим Димитриевски во интервјуто за Дојче Веле.
Седница на Советот на Општина Куманово, на дневен ред 35 точки Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница со 35 точки на дневен ред.
Ветер откорна лимен кров од зграда во „Гарнизон“ и го заглави во крошна на дрво, Илинденска затворена за сообраќај Од саботата попладне затворена е за сообраќај улицата Илинденска во центарот на Куманово, затоа што силен ветер откорна лим од кровна конструкција на зграда и го закачи во високите дрвја, поради што постои опасност да падне и да повреди некој. Местото е обележано со ленти и го обезбедува полицијата.
Дизелот поевтинува за еден денар, бензините со иста цена Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ се намалува за 1,00 денар по литар. Бензите ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство останува по иста цена.
Во Куманово викендов казнети 188 возачи, најмногу за брзо возење При акциска контрола за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, викендов на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 188 возачи.
Во кумановските основни училишта се запишале 1.047 првачиња Во основните училишта во Куманово за учебната 2023/2024 година запишани се 1.047 првачиња.