Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1200 садници кај Костоперска карпа Вработените на „Дрекселмаер“ засадија околу 1200 садници од видот бел бор во месноста Костоперска карпа, во селото Младо Нагоричане.
Синот кој го уби таткото денеска ќе биде сослушан во Кумановското обвинителство Б.Ј.(40) од Куманово, кој вчера со убод од нож го усмрти неговиот татко денеска по итна постапка ќе биде сослушан од јавен обвинител во Основното јавно обвинителството во Куманово.
Син убил татко во Куманово Кумановец со нож го нападнал својот татко, кој им подлегнал на повредите. Убиството се случило денеска околу 15 часот.
Светиот крст на Богојавление ќе се фрла во црквата „Св.Никола“ Традиционалното фрлање на светиот крст на празникот Богојавление ќе се изврши само во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Оштетен уште еден автомобил од заталкан куршум Д.Д.(41) од Куманово пријавил дека неговото патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Живко Чало“ Куманово, вчера било оштетено од залутано зрно од огнено оружје.
Објавeн повик за помош за домување на стамбено необезбедени лица во Куманово Општина Куманово отвори повик за обезбедување на помош за домување на материјално и стамбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош за 2023 година. Повикот е отворен од 10 јануари до 10 февруари 2023. Со мерката општината ги субвенционира во вид на кирија корисниците кои се приматели на гарантирана минимална помош и се стамбено необезбедени.
Приведени крадци во Куманово, фатени на дело Синоќа во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (45) од Штип и С.С. (45) од Куманово.
Камион се заглави на наплатната станица Романовце На автопатот Скопје - Куманово на патарината Романовце, синоќа околу 20 часот товарно возило удрило во наплатната кабина.
Граѓаните од социјален ризик можат да се пријават за субвенции за комунални услуги Општина Куманово вчера го објави повикот за субвенционирање на трошоци за комунални услуги во 2023 година, за граѓаните од социјален ризик.
Приведена тетовка поради кражба во Куманово, одземеното вратено на сопственичката Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово. Таа се сомничи дека вчера оклу 15 часот одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности во Куманово.
На Даравелски не му е застарено делото, поради преземените дејствија на Кумановскиот суд На поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената должност, делото не му е застарено и тој ќе мора да ја отслужи казната откако вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница.
Кумановските кружни текови имаат недостатоци, но се добро решение за сообраќајните метежи Минатата година беа пуштени во употреба два нови кружни тека на најпрометните раскрсници во Куманово, едниот на раскрсницата меѓу Булеварот Трета МУБ и улиците Бајрам Шабани и Гоце Делчев, а вториот меѓу двата булевари Трета МУБ и Октомвриска Револуција.
Зимскиот распуст ќе трае до 23 јануари, наместо до 18, одлучи Владата Второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари ќе започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици, одлучи Владата на денешната седница.
На Табановце уапсен Драган Даравелски На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница денеска е уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски.
Шест кумановски училишта добиваат фотоволтаици, засега две во функција На зградите на 4 училишта во Куманово се поставени фотоволтаични централи, а 2 од нив веќе се ставени во функција. Најдоцна до почетокот на февруари се очекува да заврши инсталирањето на овие обновливи извори на енергија на уште две училишта.
Безбедноста на граѓаните е наш приоритет во работењето, велат најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово Филип Атанасовски и Душан Цаневски се прогласени за најдобри полицаец и пожарникар за 2022 година, заради нивните заслуги во работењето. Традиционалната наградата ја врачува Општина Куманово на крајот на годината на предлог на службите кои се грижат за безбедноста на граѓаните.