„Српски вез“ настапи на манифестации во Србија и Хрватска Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово, на покана на Туристичка организација Топола, КУД „Опленац“ и КУД „Слога“ од Вуковар, викендов беше на турнеја во Србија и Хрватска.
До крајот на месецот ќе продолжи изградбата на пругата Куманово - Бељаковце На 29 октомври ќе започне изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка. Работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето.
Сe распаѓа Спомен-костурницата на антифашистичките борци во Куманово Оштетена релјефна плоча, напукнати ѕидови, откорната мермерна плоча со имињата на загинатите борци, скршени скали и жардиниери, ги пречекаа денеска државните и локалните функционери на Спомен-костурницата на паднатите борци од Народно-ослободителната борба (НОБ) во Куманово, на централната прославата на 11 Октомври – Денот на народното востание.
Куманово го празнува 11 Октомври Македонија и градот првоборец, Куманово, денеска одбележуваат 81-години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.
Нови малопродажни цени на нафтата и нафтените деривати Од вечерва по полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати.Дизелот поскапува за 3 денари, нафтата за домаќинствата за 2,5 денари по литар, а поскапуваат и двата видови на бензин за 2, односно за 2,5 денари по литар. Поскапува и мазутот.
Во Куманово ќе се одржи централната прослава на 11 Октомври - Денот на народното востание На Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ утре ќе се одржи централната манифестација за одбележување на празникот 11 Октомври - Денот на народното востание. Прославата ќе започне во 10 часот.
СДСМ организира пикник на Спомен костурницата за 11 Октомври СДСМ Куманово и оваа година по повод 11 Октомври ќе го одржи традиционалниот пикник на Спомен костурницата. Пикникот ќе започне во 12 часот, а ќе присуствува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и генералниот секретар Милан Зечевиќ.
Заврши санацијата на мостот во Проевце - од утре прооден за сообраќај По осум месеци заврши санацијата на мостот над реката Кумановка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Проевце, и од утре ќе биде пуштен за сообраќај.
Во продажба билетите за хит комедијата „Ѓуролија“ на Бранко Ѓуриќ- Ѓуро во Скопје Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври од 20 часот во Домот на АРМ.
Еднократна парична помош не им следува на пензионерите, велат од општината и кумановското здружение Пензионерите во последните неколку дена навалија на шалтерите на Општина Куманово и во просториите на Здружението на пензионери за да се распрашаат кои документи се потребни за да добијат еднократна парична помош,која наводно им следува на пензионерите со ниски примања. Од здружението и од Одделението за социјална заштита на Општина Куманово ја демантираа ова вест и нагласија дека ваквата еднократна парична помош од 6.000 ден воопшто не е предвидена во општинскиот буџет за и е чиста шпекулација. Еднократна парична помош општината доделува на социјално загрозените , но тоа е по строги,пропишани критериуми и може да се земе еднаш во годината.
Флекс Кредит го донираше првото од предвидените 25 детски игралишта Финансиското друштво „Флекс Кредит“ го донираше првото од предвидените 25 детски игралишта во населбата Дузлак, Штип.
Проблемите во обазованието не се решаваат со прес конференции, одговорија од СДСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ Лицемерно е што за проблеми во образованието прашањето го поставува токму онаа партија која додека беше централна власт во Куманово не вложи ниту еден денар во образованиотпроцес. Да не заборавиме дека во нивно време наставникот беше деградиран и понижен, а на товар на учениците беше небулозното екстерно тестирање, одговорија од кумановскиот СДСМ на прозивките што ги произнесе ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешната прес конференција.
Интерактивни работилници за идните мајки во Општата болница Куманово Во Општата болница Куманово започнува со работа Роса школа за родителство. Школата вклучува интерактивни работилници за психофизичка подготовка на бремените жени, кои ќе ги водат искусни акушерки,лекари,психолози и физиотерапевти. Тие на идните мајки ќе им го објаснат чинот на раѓање-физиологијата, но и психологијата, што да очекуваат и како да се изборат со инстинктивниот страв кога ќе дојдат до породување.
Исплатени субвенциите за млеко Денеска на сметките на 5.851 млекопроизводители се исплатени вкупно 89.455.245,00 денари за мерката 2.3, која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо , овчо и козјо млеко, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).
Средновековен фестивал во Крива Паланка Викендов (8 и 9 октомви ) во Крива Паланка ќе се одржи средновековен фестивал на кој ќе бидат презентирани главните карактеристики на т.н. мрачно доба, кое побудува голем интерес кај јавноста за овој историски период.
Уште еден измама со огревно дрво Триесет и осум годишен маж од кумановско село бил жртва на измама за набавка на огревно дрво. Парите ги дал, но дрвата не стигнале во неговиот дом.