Вечерва во 22.48 часот во Куманово и на северната хемисфера календарски ќе пристигне зимата Вечерва, на 21 декември, среда, на 355-иот ден во годината според грегоријанскиот календар, во Македонија, во Куманово и на целата северна хемисфера, календарски ќе започне зимата, додека на јужната ќе настапи летото. До крајот на оваа 2022 година остануваат уште само 10 дена.
Промоција на романот „Водни тела“ од Ана Аврамовска во Занаетчискиот дом во Куманово Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на дебитанскиот роман „Водни тела“ од кумановката Ана Аврамовска.
За 13,3 отсто се намалени кривичните дела на територијата на СВР Куманово, кажа Спасовски Кривични дела извршени од јануари до ноември оваа година, на подрачјето на СВР Куманово е намалено за 13 отсто во споредба со истиот период лани. Оваа го кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на СВР Куманово и Регионалниот центар Север.
Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка На магистрален пат Крива Паланка – Куманово, на место викано „Пашина воденица“, кривопаланечко, вчера околу 15 часот, патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.И.(36) од с.Мала Црцорија, кривопаланечко, удрило во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од И.К.(47) од с.Тимјаник, неготинско.
Изложба на инсталации на уметницата Марина Цветановска-Мартиновска Во салонот на Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Празни не(д)остатоци“ Марина Цветановска-Мартиновска од Куманово.
Граѓаните да не користат пиротехнички средства за празниците, апелира СВР Куманово СВР Куманово и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства. Тие ги потсетува граѓаните и за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.
Кумановец со фалсификувани пари сакал да купи гориво Четириесет годишен кумановец доби кривична пријава за набавка и употреба на фалсификувана банкнота од 2.000 денари.
Уставниот суд поведе постапка за одлуката на Советот на Општина Куманово ретроактивно да го намали процентот на искористеност на земјиштето за градба Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на општина Куманово од јули 2022 година со којашто се овозможува градење станбени згради надвор од централното градско подрачје.
Најстудено во Крива Паланка минус 5, во Куманово минус 2 Најстудено утрово е во Крива Паланка со -5 и во Маврово со -4 степени. Минусни температури има и во Куманово, Берово и Демир Капија, во Скопје е нула, а најтопло е во Гевгелика со 5 степени.
Дедо Мраз на мотор во петок на Градскиот плоштад во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово во петок во 11 часот ќе пристигне Дедо Мраз на мотор. Мото клубот „Мечки Македонија“ по 15. пат ќе ја организира овааа манифестацијата за намладите, а годинава е под мотото „Тажните најубаво се смеат“.
Романовце да се приклучи на градската водоводна мрежа, бараат жителите Жителите на Романовце бараат Општина Куманово селскиот водовод да го приклучи на градската водоводна мрежа. Тие преку месната заедница поднеле барање до Советот на Општина Куманово и предлогот утре ќе се најде пред советниците.
170 години од изградбата на црквата „Свети Никола“ во Куманово Во црквата „Свети Никола“ во Куманово денеска се одбележа патрониот празник на заштитникот на немоќните, сиромашните и на патниците и беше прославен 170-годишниот јубилеј од изградбата на овој соборен храм.
Министерката Тренчевска донираше инклузивни сликовници на градинката Ангел Шајче Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, при денешната посета на објектот „Пчелка“ на градинката „Ангел Шајче“ од Куманово, донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од страна на Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“.
Приведена 24-годишна кумановка, затекната во обид на кражба Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 18.30 часот привеле 24-годишна кумановка, која била затекната при обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ Куманово.
Нова седница на Советот на Општина Куманово - на дневен ред 30 точки Триесет точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница на Советот на Општина Куманово.
Запленети 4000 петарди од две лица во Куманово Кумановската полиција ќе поднесе пријави против две лица откако при претрес кај нив пронашле 4.000 парчиња петарди.