Два кружни тека и над 130 проекти реализиравме за 1 година во Куманово, тврди Димитриевски Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, вели дека се изградени два нови кружни тека во Куманово и дека се реализирани повеќе од 130 проекти и активности за само една година од неговиот втор мандат во Куманово.
Повредена жена на раскрсница во центарот на Куманово Четириесетгодишна жена се здобила со повреди откако ја удрил автомобил „бмв“ со кој управувал 22-годишник од кумановско село.
Наградата „11 Ноември“ за Витомир Митевски, Синиша Кашавелски, Зоран Ѓеорѓиевски, Сашо Илиевски, Садри Акифи, „Алфи“ и „Искра“ Пет физички лица и две фирми се добитници на највисокото општинско признание наградата „11 Ноември“, која по повод Денот на ослободување на Куманово ја доделува Советот на Општината.
Да се почитуваат сообраќајните правила за да не се создава метеж на „Биљановска“, апелираат од полицијата Не е предвиден посебен сообраќајен режим на улицата „Биљановска“, поради митровденската задушница кога вообичаено има зголем број на возила кон Градските гробишта.
Во тек е исплатата на помош за социјална и детска заштита Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2022 година.
Еуросупер 98 поскап за 2 денари Еуросупер 98 од денеска е поскап за 2 денари, но во исто време Екстар лесното масло за домаќинства поевтинува за 3 денари. Сите други деривати остануваат со иста цена.
Пронајдена неексплодирана граната во Умин Дол Во нива во селото Умин Дол, кумановско, била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна.
Облачно,врнежливо и постудено за викендот-зимата доаѓа Денеска преовладува сончево време со мала до умерена облачност и температури нешто малку над 20-тиот степен.Веќе од утре од попладневните часови ќе дојде до зголемување на облачноста,но сепак со слични температури на денешните.
Зголемен бројот на пријави за семејно насилство Во текот на пролетните месеци зголемен е бројот за пријави на семејно насилство во надлежните институции. На почетокот на годината имало само 10 пријави, додека во вториот квартал бројот на пријави се зголемил на 133. Сите сторители се познати на полицијата, стои во извештајот на СВР Куманово.
Општина Куманово го одбележува 11 Ноември- Денот на градот со бројни активности Пред два дена започнуваа активностите на Општина Куманово за одбележување на Денот на ослободувањето на градот „11 Ноември“. Програмата вклучува културни манифестации, спортски турнири, планинарски тури, со многу учесници меѓу кои и маргинализирани групи како лицата со посебни потреби и пензионерите.
Две екипи на ученици и публика од Куманово и Липково се степале по фудбалски натпревар По завршување на средношколски фудбалски натпревар во Куманово настанала физичка пресметка помеѓу две групи на ученици и публиката.
„Водовод“ за три месеци направил загуба од 15 милиони денари, тврди Левица ЈП „Водовод“ Куманово во последните три месеци направило рекордна загуба во износ од 15.025.075 денари или над 240 илјади евра, тврдат од партијата Левица.
Кумановец пронашол платежна картичка на сограѓанка и потрошил близу 4 илјади евра Жител на Куманово пронашол платежна картичка на сограѓанка и подигнал близу 4 илјади евра.
Два случаи на палање на отпад и гума на отворено регистрирале инспекциските служби Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Општинскиот инспекторат во Куманово, вчера регистирале два случи на палење на отпад на отворено во Кумановско. Првиот случај е на дивата депонија во Агино село, а втората во населбата Тоде Мендол.
Без катни гаражи, паркови и зеленило помина една година од владеењето на Димитриевски, посочува СДСМ Куманово и кумановци се разочарани од едногодишното неспособно владеење на „Наше Куманово“ и ВМРО - ДПМНЕ на чело со Максим Димитриевски. На општината и се потребни решенија за многубројните проблеми. На градот, приградските населби и селата не им треба гол популизам и меѓународна политика, потребни се капитални инвестиции, соопштуваат од СДСМ.
Награда за трајни вредности за документарецот „Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба“ Документарниот филм „Неколку цркви од кумановско со царски двери во резба“ од Валентина Андреиќ, доби специјална плакета за трајни вредности на 30-тиот Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.