Повредена млада девојка од Крива Паланка во сообраќајка во Скопје С.М.(24) од Крива Паланка синоќа била повредена во сообраќајна несреќа која се случија на крстосницата од булеварите.„Крсте Мисирков.„Кочо Рацин“, бул.„Кузман Јосифоски - Питу“ и Кеј „13 Ноември“ во Скопје.
Приведен осомничен за 4 кражби, предметите вратени на сопствениците Полициски службеници од СВР Куманово, вчера, го лишиле од слобода А.Р.(20) од Скопје, со место на живеење во Куманово.
Повредени двајца малолетници во сообраќајна несреќа Двајца малолетници се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа , која се случила вчера, во селото Доброшане, помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(28) од с.Доброшане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Романовце, кумановско.
Со оружје ја нападнал поранешната сопруга пред родителите и ја одвел дома Во Полициско одделение Матејче, ноќеска по полноќ, 60-годишен жител на кумановско село пријавил дека околу 21.35 часот, додека бил во неговата куќа заедно со сопругата и нивната 21-годишна ќерка, дошол неговиот поранешен зет Д.С.
Изложба на цртежи „Скици 2022“ во Куманово Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“.
Кумановец ограбен во Градски парк во Скопје Жител на селото Горно Којнаре синоќа бил нападнат и ограбен во Градскиот парк во Скопје. Разбојникот му одзел пари и лични предмети.
Духовна академија „Свети Климент“ вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи духовна академија „Свети Климент Охридски“ со што ќе се одбележи утрешниот празник и патронатот на Македонската православна црква Охридска Архиепископија.
Сточарите од Тромеѓа го блокираа патот Куманово-Свети Николе, не даваат да се уништат свињите кои немаат африканска чума Сточарите од кумановското село Тромеѓа, кои трет ден протестираа против уништување на свињите кои немаат африканската чума, денеска го радикализираа протестот со блокада на регионалниот пат Куманово - Свети Николе.
Владата на СДСМ со повеќе мерки го подобри студентскиот стандард, кажа Коцевска Близу 800 милиони евра од државниот буџет за помош на различни категории на граѓани, издвои Владатапредводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Владините мерки не ги заобиколија ниту младите, категорија која во минатото, намерно или случајно беше заобиколена, кажа Драгана Коцевска од СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.
Од октомври 2023 поевтин роаминг со земјите од ЕУ Земјите од Западен Балкан, од октомври 2023 ќе плаќаат поевтин роаминг со земјите членки на Европската унија. Премиерот Димитар Ковачевски во рамките на Самитот Западен Балкан во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени.
Во земјава се регистрирани 863 жртви на семејно насилство, 669 се жени, а останатите се мажи Oд јануари до септември годинава во земјава се регистрирани 863 жртви на семејно насилство, од кои 68 проценти се жени, а останатите се мажи.
Кумановската група „Беседа“ победника на фестивалот „Лузер фест 2022“ Музичката група „Беседа“ од Куманово е победник на фестивалот „Лузер фест 2022“, кој е посветен на новата алтернативна музика на македонската сцена.
Приведени двајца крадци од Куманово, одземеното вратено на сопственикот Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 24-годишен и 26-годишен кумановец.
Членовите на ИПА Куманово го прославија 10-годишниот јубилеј со колегите од балканските земји По повод десетгодишнината од постењето на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Куманово, викендов се одржа меѓународна средба со делегации од повеќе балкански држави. На средбата присуствуваа полициски службеници од: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција и Србија.
За една третина е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на интерното одделение во Кумановската болница За 30 отсто е зголемен бројот на пациенти во амбулантите на интерното одделение во Општата болница во Куманово, поради променливото време, големата промена на температурите и загадениот воздух. Покрај хроничните болни се почесто на здравствени проблеми се жалат и помлади пациенти, велат лекарите.
Протест на сточарите од Тромеѓа поради најавеното уништување на свињите поради африканска чума Жителите на Тромеѓа вчера протестираа на влезот на селото против најавата на Агенцијата за храна и ветеринарство да се уништат свињите поради појавата на африканска чума. Селаните тврдат дека нема заразени свињи во атарот на нивното село, а доколку не добијат потврда од надлежните протестите ќе ги радикализираат со блокада на регионалниот пат Свети Николе - Крива Паланка.