Со Свечена академија ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе ја обележи 32-годишнината од формирањето Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со Свечена академија ќе ја прослави годишнината од формирањето на огранок на партијата во Куманово. Академијата ќе се одржи утре во салата на ресторан Грација со почеток во 18.45 часот, а ќе присуствува и лидерот Христијан Мицковски.
Фатен крадец во Куманово, одземеното вратено на сопственикот Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 18 часот го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот на улицата „Ленинова“ во Куманово извршил кражба на паричник од А.С..
Во Куманово наврна 27 литри дожд На територијата на општина Куманово во изминатото деноноќие наврна 27 литри дожд на м2.
„Лидл“ разгледува локација за логистички центар во Куманово, веќе се вработени 80 луѓе Познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл“, веќе има потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Компанијата интензивно работи на подготовките за отпочнување на работата и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте.
Пак се качи цената на дизелот Од денеска има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Денеска без струја Табановце, утре делови од градот Поради планирани прекини денеска без електрична енергија од 8 до 14:30 часот ќе останат дел од потрошувачите во селото Табановце, маалото Сланиште и Граничен премин Табановце.
„Секс и лаги“ нова претстава на Кумановскиот театар Новата претстава на Кумановскиот театар „Секс и лаги“, премиерно ќе биде изведена во петок на затворањето на Меѓународната театарска манифестација Денови на комедија. Претставата е работена според текст на Марк Камолети, во режија на Драгана Таневска, драматург Симона Тоскиќ, сценографија Крсто Богојевски, костимограф Дарко Илиевски, композитори Бојан Поповски и Огнен Давитковски.
„Српски вез“ настапи на манифестации во Србија и Хрватска Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово, на покана на Туристичка организација Топола, КУД „Опленац“ и КУД „Слога“ од Вуковар, викендов беше на турнеја во Србија и Хрватска.
До крајот на месецот ќе продолжи изградбата на пругата Куманово - Бељаковце На 29 октомври ќе започне изградбата на првите две делници од пругата на Коридорот 8 – од Куманово до Бељаковце и од Бељковце до Крива Паланка. Работите треба да се финализираат до крајот на 2025 година, за што се обезбедени сите потребни средства и е завршена експропријацијата на земјиштето.
Сe распаѓа Спомен-костурницата на антифашистичките борци во Куманово Оштетена релјефна плоча, напукнати ѕидови, откорната мермерна плоча со имињата на загинатите борци, скршени скали и жардиниери, ги пречекаа денеска државните и локалните функционери на Спомен-костурницата на паднатите борци од Народно-ослободителната борба (НОБ) во Куманово, на централната прославата на 11 Октомври – Денот на народното востание.
Куманово го празнува 11 Октомври Македонија и градот првоборец, Куманово, денеска одбележуваат 81-години од Денот на антифашистичкото востание кога македонскиот народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.
Нови малопродажни цени на нафтата и нафтените деривати Од вечерва по полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати.Дизелот поскапува за 3 денари, нафтата за домаќинствата за 2,5 денари по литар, а поскапуваат и двата видови на бензин за 2, односно за 2,5 денари по литар. Поскапува и мазутот.
Во Куманово ќе се одржи централната прослава на 11 Октомври - Денот на народното востание На Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ утре ќе се одржи централната манифестација за одбележување на празникот 11 Октомври - Денот на народното востание. Прославата ќе започне во 10 часот.
СДСМ организира пикник на Спомен костурницата за 11 Октомври СДСМ Куманово и оваа година по повод 11 Октомври ќе го одржи традиционалниот пикник на Спомен костурницата. Пикникот ќе започне во 12 часот, а ќе присуствува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и генералниот секретар Милан Зечевиќ.
Заврши санацијата на мостот во Проевце - од утре прооден за сообраќај По осум месеци заврши санацијата на мостот над реката Кумановка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Проевце, и од утре ќе биде пуштен за сообраќај.
Во продажба билетите за хит комедијата „Ѓуролија“ на Бранко Ѓуриќ- Ѓуро во Скопје Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври од 20 часот во Домот на АРМ.