Биенална изложба на графики на кумановските графичари Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена биеналната изложба на графики “Кумановски графичари 2021“.
Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии Министерството за труд и социјална политика (МТСП) известува дека од денеска започнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Двајца починати и 21 новозаболен од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 473 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.708 тестирања.
Без вода населбите Железничка и Черкези, поради пукната водоводна цевка Поради дефект на водоводна цевка Ф/355 во близина на ресторантот „Ројал Палас“ во нас. Черкези, времено ќе биде прекинато водоснабдувањето во населбите Железничка станица и Черкези. (фото. архива)
Состојбата со ковид-19 во Крива Паланка алармантна, се бара одговорност и совесност од граѓаните Состојбата со ковид-19 во Крива Паланка е алармантна, бројот на новозаболени е голем и секојдневно расте, заклучи Општинскиот кризен штаб на својот последен состанок.
Фатен кумановец кој крадел во црква Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода М.Ѓ. (38) од Куманово, поради сомнение дека на 24.11.2021 со употреба на сила влегол во црквата „Св.Спас“ во населбата Долно Којнаре и одзел пари.
Алфи Техноцентар подготвен за најголемиот Black Friday досега Последниот петок во месец ноември е познат како Black Friday, кога се организираат огромни попусти и целосни распродажби во продавниците низ светот. Алфи Техноцентар за оваа година ги подготви најголемите попусти досега.
Загина градежен работник - паднал од кров на куќа Педесет и едногодишен градежен работник од кумановско, загина вчера откако паднал од кров на куќа каде работел. Несреќата се случила околу 15 часот во кумановската населба „Перо Чичо“.
Oдземена дозволата за работа на „Беса транс“ - автобусот немал лиценца за меѓународен транспорт Министерството за транспорт и врски ја одзеде дозволата за работа на фирмата „Беса транс“, бидејќи автобусот во кој загинаа 45 лица немал лиценца за вршење на меѓународен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници.
Приведен кумановец за издржување на затворска казна Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, вчера во 23 часот го лишиле од слобода E.Р.(25) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Без вода повеќе делови на градот Поради интервенции на водоводната мрежа денеска без вода за пиење ќе останат потрошувачите на неколку улици во градот.
Со чекан го скршив стаклото за да се спасиме, раскажува преживеаниот патник од Прешево Еден од седумтемина преживеани во автобусот што изгоре во Бугарија е млад човек од Прешево, кој се спасил откако го скршил прозорецот и со тоа овозможил уште неколку лица да скокнат од автобусот.
Снимај ме и поздрави ги тија што ме тражив да се врату, му рече Димитриевски на Костовски. Никој не те бара, му одговори пратеникот од СДСМ На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Куманово се случи вербален инцидент помеѓу градоначалникот Максим Димитриевски и претседателот на општинската организација на СДСМ и пратеник Мартин Костовски.
Ивана Ѓорѓиевска избрана за претседателка на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ е нова претседателка на Советот на Општина Куманово. Таа беше избрана на денешната конститутивна седница со 19 гласа. За неа гласаа советниците на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Беса и Левица.
Владата прогласи тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија Владата на денешната редовна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.
Пронајден починат работник на патот Ранковце – Крива Паланка Во ОВР Крива Паланка вчера во 8 часот било пријавено дека во барака на градежна фирма на патот Ранковце – Крива Паланка бил пронајден починат работникот М.Б.(56) од село Орашац, кумановско.