СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува, порача Ковачевски Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Куманово одржа средба со членовите на раководството на СДСМ каде ја презентираше програмата и визијата за СДСМ. На средбата присуствуваа и членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Тој истакна дека резултатот на изборите покажал дека СДСМ мора да ги менува работите.
Спасовски: Идниот претседател на СДСМ ќе биде Димитар Ковачевски Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Димитар Ковачевски, и оттука од мое Куманово упатувам силна порака - убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се’ за доброто на општеството, порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на промоцијата пред сопартијците во Куманово.
Горивата од ноќеска поевтинуваат за 3,5 денари Од ноќеска се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,28 отсто.
Регионалниот синдикат Куманово организира бесплатен автобуски превоз за протестот во недела Регионалната синдикална организација во Куманово организира беспланет автобуски превоз за своите членови и граѓаните, кошто сакаат во недела да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), кој ќе се одржи пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија.
Второ место за фризерско студио „Нате“ на Интернационален фестивал во Рим Сопственичката на Фризерско студио „Нате“ и Академија „Нате“, Наташа Додевска, освои второ место за вечерна фризура на Интернационален фестивал во Рим, Италија.
„Српски вез“ учествуваше на Фестивалот на кус расказ „Причам ти причу“ Ученици кои го изучуваат српскиот јазик во состав КУД „Српски вез“, викендов учествуваа на фестивалот на кусиот расказ „Причам ти причу“, кој го организираше Здружение на граѓани за чување и негување на српскиот јазик и ќирилично писмо „Азбука срб“ од Скопје.
Казнети 41 возач за пребрзо возење-контролите продолжуваат и наредните денови На подрачјето на СВР Куманово, вчера од 11 до 15 часот, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 41 возач.
Новиот Совет денеска ќе ја одржи втората седница Советот на Општина Куманово денеска ќе ја одржи втората седница. На дневен ред се 28 точки, главно извештаи за работа на јавните претпријатија, a ќе се избираат претседатели и членови на комисиите на Советот.
Алтернатива ги доби здравство, информатичко општество и ресорот за дијаспора Партијата Алтернатива со своите 4 пратеници влегува во Владата. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши на заедничкиот прес со премиерот Зоран Заев денеска потврди и официјално дека од опозиција, се во колаиција со СДСМ и ДУИ. Мнозинството во моментов се зголеми на 64 пратеници.
Алтернатива влегува во Владата, утре ќе кажат кои ресори ги добива Партијата Алтернатива, која има 4 пратеника, вечерва одлучила таа да се приклучи на парламентарното мнозинство, односно да влезе во Владата.
Двајца починати, 17 новозаболени и 62 оздравени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на ковид-19.
Тројца кумановци добија кривични пријави за непочитување на полицискиот час Кумановската полиција поднесе три кривични пријави против тројца кумановци кои не ја почитувале забраната за движење, соопштија денеска од МВР. Кумановците, двајца на возраст од 29 години и едниот триесет и петгодишен биле затекнати без дозвола за движење во Куманово, во април и мај годинава и не постапувале согласно здравствените прописи за време на епидемија.
8 декември, „Св.Климент Охридски“, неработен ден за сите граѓани Среда, 8 декември 2021 година, „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на државава.
Владата ги „замрзна“ цените на основните артикли Владата на денешната седница донесе одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.
Пуштено во употреба инклузивно игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“ Во дворот на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ – Куманово денеска е пуштено во употреба пристапно инклузивно игралиште, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември.
Инспекторка осомничена за несовесно вршење на службата СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Т.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.