Две независни листи за советници од граѓански иницијативи собираат потписи во Куманово Граѓанската иницијатива „Фронт за урбано Куманово“ и Граѓанската независна листа „За чисто и хумано Куманово“, собираат потписи за советнички листа во Советот на Општината Куманово за локалните избори. Носител на листитата на „Фронт за урбано Куманово“ е Милош Стаменковиќ, а на „За чисто и хумано Куманово“ Сузана Ѓорѓевиќ.
Денеска и утре без струја една населба и неколку кумановски села Без електрична енергија во текот на денешниот ден и утре ќе останат дел од потрошувачите на населбата Карпош и селото Речица, а утре селата Романовце, Агино Село, Брзак и Умин Дол.
СДСМ не го објави кадидатот за градоначалник на Куманово - ќе прави дополнителни анализи кој е најдобар Анализите во останатите општини остануваат и во следните денови, ќе има нов состанок на извршниот одбор и до крајот на месецот верувам дека ќе ја заокружиме целата кадровска понуда, изјави денеска потпретседателот на СДСМ Љупчо Николовски, по објавувањето на нови 12 кандидати за градоначалници, меѓу кои не се најде кандидатот за Куманово.
Тројца починати и 44 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 1.166 нови случаи на ковид-19, а направени се 6.458 тестирањe.
СДСМ утврди уште неколку кандидати за градоначалници, имињата ќе ги објави во текот на денот Извршниот одбор на СДСМ синоќа одржа седница на која беа дефинирани уште неколку нови, дополнителни кандидати за градоначалници.
Тројца починати и 98 новозаболени од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово, во последните 24 часа регистрирани се тројца починати на возраст од 52, 71 и 79 години. Пријавени се 98 нови случаи и 36 оздравени од коронавирус.
Уште една измама со огревно дрво во кумановско 34-годишен маж од кумановско село вчера попладне пријавил во полицијата дека бил измамен од едно лице, при купување на огревно дрво.
Утре седница на Совет - на дневен ред 83 точки Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се дури 83 точки, од кои најголем дел се годишни и квартални извештаи за деловно и финсиско работење на јавните претпријатија и основните и средни училишта, како и годишни планови за вработување во претпријатијата и училиштата.
СДСМ денеска ќе го објави кандидатот за градоначалник на Куманово СДСМ за денеска најави дека ќе ги објави преостанатите кандидати за градоначалници за локалните избори на 17 октомври.
Од денеска нафтените деривати поевтини за 1,58 отсто Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 %. Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за еден денар по литар, а малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1,5 денар за еден литар.
Тројца починати и 19 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.022 тестирањe.
Заев и Филипче ја промовираа кампања за вакцинација и борба против дезинформациите Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ја промивираа кампањата „За моментите на среќа - Вакцинирај се!“.
Штипскиот хуманитарец Аце Георгиевски и тајфата мајстoри реновираа изгорена куќа на семејство во Куманово Единаесетгодишната Мишела и нејзината баба Мирјана Зафировска од Куманово, повеќе од година и пол живееле во рушевини од нивната куќа која во центарот на Куманово изгорела во пожар. Вчера, Мирјана и Мишела, која од малечка била напуштена од родителите, ги добија клучевите од комплетно реновираната куќа која целосно е опремена со нова покуќнина.
Роденденска недела во oптика „Стил“- големи попусти и изненадувања за купувачите Со големи попусти и изненадувања oптика „Стил“ оваа недела ќе го прослави вториот роденден. Роденденската недела започнува денеска а ќе трае до сабота.
За пет часа казнети 74 возачи за пребрзо возење Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во периодот од 15 до 20 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. На територија на СВР Куманово, која го покрива Североисточниот регион, се санкционирани 74 возачи.
Денеска и утре прскање против крлежи во Куманово На територијата на општина Куманово денеска и утре ќе се врши дезинсекција против крлежи. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот.