Пет лица повредени во сообраќајка кај Макреш Во директен судир на два автомобила на место викано Герен, кај селото Макреш, вчера околу 14 часот повредени се пет лица.
Средношколскиот пленум од септември ќе делува порадикално Од Средношколскиот пленум од Куманово највуваат дека во новата учебна година ќе бидат порадикални и ќе бараат укинување на екстерно тестирање, електронски дел од матура и да се укинат казни за ученици и наставници.
Мешани патроли во обиколка на градот Мешани патроли составени од полицајци и родители вечерва ќе одат во обиколка на градот.
Три пожари во изминатото деноноќие во Куманово Во последните 24 часа во Куманово се регистрирани три пожари.
Дамјановски:ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста со обвинувањата упатени кон него, дека не се работи на реализација на проектите во населбата Гоце Делчев.
ВМРО-ДПМНЕ:Градоначалникот не ги исполни ветувањата во Гоце Делчев Од ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека ништо не исполнил од предизборните ветувања дадени во 2013 година за населбата уредување на Гоце Делчев.
Советот за превенција ќе ја подобрува безбедноста во градот Локалниот совет за превенција секој прв вторник во месецот ќе се состанува, и ќе дискутира за безбедносната состојба во градот.
Три кривични во акцијата „Гора„ Тројца кумановци заработија кривични пријави за нелегална сеча на дрва во рамките на акцијата „Гора“, која МВР ја спроведе минатиот месец.
За пчеларите годинава не е медоносна? Пчеларите прогнозираат дека оваа година поради временските услови, нема да соберат многу мед.
Шестнаесет ученици запишани во билингвалната паралелка Во Гимназијата „Гоце Делчев“ во првото и второто пријавување, запишани се 16 ученици во билингвалната паралелка за усовршување на францускиот јазик.
Просечниот животен век во нашиот регион е 71 година Луѓето во североисточниот регион во просек живеат по 71.6 години, стои во соопштение на Државниот завод за статистика.
Ожнеан 70 отсто од јачменот во кумановско Во кумановско над 70 отсто од посевите со јачмен се ожнеани, а приносите во просек се по 4 тони на хектар.
„Христијан Карпош“ доби мултимедијална училница Основното училиште „Христијан Карпош“ доби мултимедијална училница за одржување на часови по англиски јазик, која е опремена со помош на Мировен корпус.
БМВ удри велосипедист Велосипедист попладнево беше повреден на раскрсницата на булеварите Трета МУБ и Октомвриска револуција.
Се оградува училиштето “Киро Бурназ“ Со средства од општина Куманово се оградува дворот на Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.
Општината ќе ги поправа оштетените тротоари Општина Куманово ќе ги санира оштетените сообраќајници и тротоари, за што ќе бидат потрошени скоро 5 милиони денари.