Меѓуетничка интерграција во “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“ Основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“, повеќе од две години работат на меѓуетничка интеграција во образованието, и по тој повод денеска организираа заедничка приредба.
Кумановка платила во диско со лажна иљадарка С.Ц.(18) од Куманово во дискотека во Штип платила сметка со фалсификувана банкнота од 1.000 денари.
Кумановци бараат сообраќаен ред и култура Повеќе граѓани се јавиле во МВР и преку проектот “Предложете сообраќајна контрола“, побарале полицијата да направи контрола на неколку локации во градот, поради прекршување на сообраќајните правила.
Ќе се реновира дел од општинската зграда во Липково За два месеци ќе почне реновирањето на општинската зграда во Липково, со што две простории ќе бидат адаптирани за канцеларии.
Во неколку установи контрола за заштита на лични податоци Во текот на месец март, инспектори од Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе извршат надзор за заштита на лични податоци во три основни училишта и во Центарот за социјални работи во Куманово.
Никој не ги прима матуранитните на разговор Матурантите од кумановските средни училишта и денеска протестираа пред подрачното одделение на Министерството за образование и наука, со единственото-познатото барање да се укине полагањето на математика како задолжителен предмет во државната матура.
“Козјак“ организира Меморијален марш Борис Трајковски Членовите на Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“ во недела на 1 март организираат Меморијален марш Борис Трајковски.
Одбележан Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон Во касарната “Боро Менков“ во Куманово, денеска со воена свеченост беше одбележан 26 февруари - Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон.
Презентирани свадбарските обичаи во Славејче Во градинката “Славејче“, денеска се презентирани обичаите од македонската, српската, албанската и ромската свадба.
До 10 март ќе се поднесуваат барања за штетите во Нагоричане Комисијата за проценка на штети при општина Старо Нагоричане, до 10 март ќе прима барања за проценка на штети од поплавите.
Ќе се реконструира 27 километри канализациона мрежа во Куманово Ќе се гради и реконструира канализациона мрежа во должина од 27 километри на 50 улици во Куманово.
Високиот водостој на реките поволен за рибите Високиот водостој на реките е поволен за рибите и се очекува добра риболовна година, велат од Спортско риболовно друштво “Пчиња“.
Меѓународна изложба “Фото салон Куманово 2014“ Во Уметничката галерија утревечер во 20 часот, ќе биде отворена меѓународната изложба на уметничка фотографија “Фото салон Куманово 2014“, организирана од Фото кино клуб “Козјак“.
Куманово и Липково со позитивен прираст на населението Во четвртото тромесечје од 2014 година, општините Куманово и Липково имале позитивен природен прираст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Одбележување на Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон Во касарната “Боро Менков“ утре во 12 часот, со воена свеченост ќе биде одбележан 26 февруари - Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон.
Триесет и седум вработени во градинките ќе добијат решенија Триесет и седум вработени во градинката “Ангел Шајче“ ќе добијат решенија за работа, согласно насоките од Министерството за труд и социјална политика и Владата.