Хјуит доби покана за Вимблдон Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит доби специјална покана од организаторите за да учествува на овогодишното издание на Вимблдон.
Дурент е најдоброто од НБА Суперстарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки го понуди своето видување за крилото на Оклахома Сити Тандер, кое оваа сезона со своите одлични игри го предводи својот тим кон НБА титулата.
Финале пред финале Вечерва на распоредот на ЕП е еден од најголемите дерби натпревари, Германија-Холандија, со почеток во 20.45 часот.
Рафаел Надал полека се искачува на врвот Од денес официјално започнуваат тениските турнири кои ќе се играат на трева. Овој дел од тениската сезона треба да кулминира од 25 јуни до 8 јули кога ќе се игра најважниот Гренд Слем – Вимблдон.
Блохин : Шевченко не ми веруваше дека сонував како постигнува два гола Селекторот на репрезентацијата на Украина Олег Блохин рекол дека по големата победа на домашниот турнир над селекцијата на Шведска му се испонил сонот, бидејќи пред неколку месеци сонувал дека Андреј Шевченко ќе постигне два гола.
Швајцарија трет противник на Македонија во квалификациите за Евро 2014 Швајцарија ќе биде третиот противник на македонската ракометна репрезентација во квалификациската група за пласман на европскиот шампионат во 2014 во Данска.
Надал со рекордна седма титула на Ролан Гарос Шпанецот Рафаел Надал по седми пат ја освои титулата на Ролан Гарос и го надмина Бјорн Борг.
Тотална доминација на “Вело–М„ во Стоби Велосипедскиот клуб “Вело-М” убедливо е најуспешен клуб на Државното првенство на Македонија во хронометар што се одржа вчера на патеката кај Стоби.
Фабрегас: Не знам како ЕП може да се игра на ваков терен Селекторот на фубалерите на Шпанија Висенте Дел Боске рекол дека е релативно задоволен од ремито со Италијаните 1:1 во првото коло на Групата Ц на Европското првенство во Полска и Украина, додека Сеск Фабрегас бил бесен поради состојбата на теренот.
Неизвесно продолжението на тениското финале во Париз Според темните облаци над Париз и дождот кој константно се заканува, прашање е дали ќе продолжи прекинатиот натпревар на Ролан Гарос, помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Фудбалери од кумановско ќе играат во Дељадровци Вечерва во 19.30 часот екипа од село Пчиња ќе се натпреварува на турнир во мал фудбал во селото Дељадровци. Турнирот почнува вечерва и ќе трае неколку денови.
Европско првенство на Градскиот кеј Европското првенство во фудбал кое започнува денеска ќе може да се следи и во кафе-барот на Градскиот кеј.
Ракометарите ни малку не ги потценуваат Австријците Македонските ракометари во позитивна атмосфера го очекуваат првиот натпревар од бараж пресметката со Австрија за пласман на СП 2013 во Шпанија кој во сабота од 16.30 часот не очекува во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Доделени пехарите на турнирот Еуро-колеџ Во првиот приватен колеџ во Македонија, "Еуро Колеџ" денеска беа прогласени најдобрите учесници на турнирот на образовни иституции што во изминатите шест недели го организираше оваа високошколска институција.
Македонија домаќин на Европското ракометно првенство ? Македонија заедно со Србија и Црна Гора се подготвени заеднички да го организираат женското ракометно Европско првенство кое ќе се одржи од 4-16 декември годинава, а од чија организација вчера се откажа Холандија.
Јулија Николиќ нема да игра веќе за Македонија Јулија Николиќ или познатата Портјанко, по завршувањето на мечот со Турција и откако и обезбеди пласман на Македонија на Европско првенство во Холандија изјави дека нема повеќе да настапува за македонската репрезентација.