Бајловчани на средба во родното село Утре во селото Бајловце пред Задружниот дом ќе се одржат традиционалните Бајловски средби во организација на Општина Старо Нагоричане и Здружение „Козјачието во срцето“.
Обвинувања за наместени тендри и во Старо Нагоричане Автопревозниците „Јоцо-турс“ и „Мамли травел“ тврдат дека го изгубиле тендерот во основните училишта во Општината Старо Нагоричане и покрај тоа што имале најповолна понуда и најниски цени за превоз на учениците.
Гости од Белград во Старо Нагоричане Д елегацијата го посети Основното Училиште „Светозар Марковиќ“ - каде што донесе книги за училишната библиотека на српски јазик.
ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон обвинувањата на автопревозниците Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го подржаа протестот на авто-превозниците од градот кои го обвинија градоначалникот и локална власт за местење на тендерите, поради што тие останале без работа.
Денови на комедија по 13 пат На годинешниов Меѓународен театарски фестивал со 8 претстави ќе гостуваат театри од повеќе градови во Македонија, Србија и Хрватска.
На Табановце запленети лекови за пчели 470 пакувања разни лекови за пчели , 109 патент брави и 79 цуцли за вода за добиток, откриени се на граничниот премин Табановце.
Ученици од земјоделска на пракса во Ново Место Практичната настава за земјоделско-ветеринарната струка ќе се одржи од 5 до 26 октомври во Центарот за биотехника и туризам во Ново Место.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија Утре во Уметничка галерија, ќе биде отворена петтата Mеѓународна изложба на уметничка фотографија "Фото Салон Куманово 2010". Отворањето е закажано во 20 часот.
Протестираа автопревозниците во градот Дваесетина автопревозници од Куманово и Липково со своите возила ја блокираа Општината и ја обвинија локалната власт дека поради местење на тендерот за превоз на ученици тие останале без работа.
Доцни изградбата на спортската сала во Којнаре Наместо до крајот на минатата година, салата е во почетна фаза на изградба.
Четири месеци затвор за напад на полицаец Според обвинението, осудениот во јуни годинава на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, кога видел дека ќе го уапсат по меѓународна потерница излегол од автомобилот и се дал во бегство.
Кал пред Општината На само неколку метри од главниот влез на куќата на градот, со месеци стои раскопан тротар.
Театарска фотографија на Душан Доцевски Во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, во четврток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на театарска фотографија од авторот Душан Доцевски.
Занатскиот дом ќе стане репрезентативен објект Главени акцент ќе биде ставен на свечената сала и галеријата, изградба на музеј на чевларската индустрија ,а ќе се реновираат и останатите простории.
Денеска е Крстовден Големиот број верници денеска се поклонуваа на крстот, палеа свеќи за духовно спасение, земаа гранчиња босилек и се миросуваа во црквата во селото Стрезовце.
Градоначалникот на Самит во Тирана Градоначаникот Зоран Дамјановски во Тирана присуствува на Самитот на градоначалници на најголемите балкански градови BALCINET, каде имаше обраќање за урбаниот развој на градот.