Специјалистите од Општа болница Куманово од денеска го радикализираа штрајкот. Ќе работат само интерната и хируршката амбуланата, ќе се примаат само итните случаи, додека останатите амбуланти нема да работат.
Кумановските автобуски превозници немаат служба “Изгубено - најдено“, но изгубените чадори, јакни, мобилни телефони, возачите се трудат да ги вратат на патниците.
Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ, во Центарот за култура организираше трибина, за поттикнување на младите луѓе и жените за одпочнување на свој бизнис.
Учениците од ОУ “Браќа Миладиновци“ и Техничкото училиште “Наце Буѓони“ ќе ја претставуваат Општината на регионален натпревар по противпожарна заштита, откако денеска беа најдобри на општинското натпреварување.
Во последниве пет години постојано се зголемува бројот на разводи во градот. Лани имало поднесено 165 бракоразводни постапки, а од почетокот на годинава 125 партнери ја раскинале брачната заедница.
Во среда ќе се пошумува месноста Воени магацини кај Доброшане, и организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да се вклучат во акцијата за пошумување и да дадат свој придонес за зачувување на животната...
На седница на Североисточен плански регион, денеска беше образложен проект, кој ќе го реши водоснабдувањето на Куманово и Липково за период од над 30 години.
Акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ ќе се оддржи на 21 месецов, а дрвца ќе бидат засадени на локациите Воени магацини во Проевце и Долна брана во Липково.