Мени

Вести

Сабота 1 јануари 2011

13:58

Граѓаните одмерени во пиењето

Четири лица завршиле на детоксикација, на Интерното одделение во Општата болница во Куманово во новогодишната ноќ.

Петок 31 декември 2010

15:17

Новогодишна честитка од Градоначалникот

На сите граѓани на Куманово од мое лично име и од името на локалната самоуправа им ја честитам Новата 2011 година, и им посакувам многу среќа, успех и семејна благосостојба.

11:06

Повеќето кумановци за Нова година дома

Повеќето граѓани на Куманово Новата година ќе ја дочекаат во домашен амбиент или на Градскиот плоштад. Поради економската криза и високите цени во рестораните, граѓаните се одлучуваат за прослава во друштво по...

Четврток 30 декември 2010

15:25

Стечајците ја проколнаа Владата

Тие сред раскрсница симболично накитија елка, на која наместо лампиони ставија пораки до премиерот, „Влада во стечај Грујо на биро„ и „Нафатирана влада, гладен народ„.

14:42

Ќе се огради дел од болницата

Ќе се постави нова ограда на Општата болница на улицата Сава Ковачевиќ што беше урната кога започна изградбата на зградата на Ургентниот центар.

13:37

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вработува свои луѓе без критериум

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ја обвини локалната самоуправа и градоначалникот Зоран Дамјановски дека објавила конкурс за директор, без доказ за образование и работно искуство на кандидатот.

12:16

Прием за децата без родители

Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги прими децата без родители сместени во семејства и им подари пакетчиња.

Среда 29 декември 2010

13:10

Подароци за децата без родители

Пратеничката Дарка Петрушевска денеска во Центарот за социјални работи подели пакетчиња на децата без родители сместени во згрижувачки семјства. Десетина дечиња денеска се израдуваа, и со песнички се заблагодарија за новогодишниот подарок.

12:36

Пакетчиња за болните деца

Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска го посети детското одделение во Општата болница и Центарот на лица со попреченост до 18 години и на децата зедно со Дедо мраз, подели 80 новогодишни пакетчиња.

11:44

ВМРО-НП успешно ја завршува годината

ВМРО-Народна партија синоќа организираше новогодишен коктел за своите членови и соработници. Присутните ги поздрави претседателката Елизабета Симоновска и генералниот секретар Миле Јакимовски.

Вторник 28 декември 2010

15:54

Се санираат штетите во поплавените подрачја

Десетина дена екипи од ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ работат на расчистување на поплавените терени во селата Довезенце, Јачинце, Бељакове и Клечовце, како и на речните корита реките Пчиња, Крива, Петрошница и Живуша.

Страница 1.370 од 1.417 · 22.665 вести