Мени

Вести

Недела 27 јуни 2010

16:24

Влетал со кола во летна бавча

А.Ш.(23) од Куманово со својот автомобил влегол во летната бавча на кафе барот „Клуб„ на Градскиот плоштад во Куманово.

Сабота 26 јуни 2010

10:13

Српската заедница го прослави Видовден

По повод одбележувањето на 621 годишнината на Битката на Косово и прославувањето на Видовден во Македонија, Обединетата српска зедница Куманово, синоќа организираше свеченост во Младинскиот културен центар „Козјак„.

Петок 25 јуни 2010

10:48

НСДП го зголемува членството

Како резултат на големото незадоволство од она што се сличува во Македонија во секој сегмент од живеењето,во општинската организација на НСДП добива нови членови. Ова го соопшти претседателка на огранокот Сунчица Јосифовска...

Четврток 24 јуни 2010

14:49

Куманово прв град со Геоиформатички центар

Куманово ќе биде прв град во Македонија што ќе направи Геоинформациски центар за урбани апликации. Станува збор за единствен информациски систем во кој ќе се собираат сите податоци за недвижнините на подрачјето...

13:24

Коло на српските сестри одржа книжевна вечер

Коло на српските сестри, по повод Видовден, синоќа во Центарот за култура организираше книжевна вечер. Пред голем број гости и пријатели на здружението, стихови посветени на Косовскиот бој, читаа Миланка Зафировска и...

09:35

Се чисти бањата Стрновец

Општината Старо Нагоричане го започна санирањето на штетите по големите полави со цел во што е можен пократок рок да се пушти во употреба бањата Стрновец.

Среда 23 јуни 2010

14:47

Мулти-култи за основците и средношколците во градот

Шефот на мисијата на Уницеф Шелдон Јет и градоначалникот Зоран Дамјановски денеска го отворија младинкиот културен центар Мулти-култи ,наменет за реализирање на вон-наставни активности на средошколците и основците од различни етнички заедници...

14:20

Семафорите пуштени-хаосот поголем

Семафорите на крстосницата на улиците „11 Октомври„ ,„Доне Божинов „и „Гоце Делчев„ денеска беа пуштени во употреба. Но, наместо да создадат ред во сообраќајот, на крстосницата владееше вистински хаос.

Вторник 22 јуни 2010

14:57

Во „Житомел„ нов газда дели откази

Седумдесетина работници од „Житомел„, ќе останат без работа, откако добиле нов газда. Дваесетината возачи, кои се први на списокот за истерување денеска излегоа на протест во кругот на фабриката.

13:56

Србите го одбележуваат Видовден

Обединетата српска заедница Куманово, Колото на српските сестри, здружението "Свети Сава" и Здружението на Србите за единство годинава заеднички ја одбележуваат 621 годишнина од битката на Косово.По тој повод прославата на празникот...

13:16

Бранителите го бараат ветениот споменик

Здружението на бранители од Куманово денеска на прес-конфернција ја прашаа локалната власт и градоначалникот кога ќе се изгради споменик на паднатите бранители од 2001 година.

09:28

Дваесет и осма седница на Совет

Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи двесет и осмата редовна седница. Советниците ќе расправаат по 17 точки на дневен ред, каде меѓу другото ќе се поднесат извештаи за финансиското работење...

Страница 1.398 од 1.417 · 22.665 вести