За еден денар ќе поевтинат горивата Цените на еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од полноќ поевтинуваат за еден денар, додека цената на Еуродизел останува непроменета. За половина денар поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство.
Прскање против крлежи во Куманово Во четврток и петок /23 и 24 јуни/ од 05.00 до 08.00 часот ќе изврши дезинсекција против крлежи на зелените површини во Куманово.
Трет ден штрајк на вработените во УЈП Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) и денеска протестираат во период од 10 до 12 часот, со барање да се потпише колективен договор со кој ќе се обезбеди зголемување на платите за 30 проценти.
Двајца повредени, со возило излетале од патот кај Никуштак Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Арачиново - Куманово, во атар на с.Никуштак.
Со изложбата „Младите и уметноста “ започна Кривопаланечкото културно лето Викендов во Градскиот музеј од Крива Паланка беше отворена изложбата „Младите и уметноста “, со што и официјално беше отворено Кривопаланечкото културно лето.
Изгоре штала во Коинце Помошна просторија (штала) изгоре во саботата во селото Коинце, општина Старо Нагоричане, сопственост на Б.В.(50) од Скопје.
Промоција на зборникот на трудови „Антево дело“ во Куманово Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на Зборник на трудови „Антево дело“.
Младите не ја препознаваат границата помеѓу говорот на омраза и слободата на изразување, покажале истражувањата во регионот Младите не ја препознаваат тенката граница помеѓу говорот на омраза и слободата на изразување. Понекогаш зборот може да предизвика далекусежни последици кои се трагични, посебно за една млада личност, каков што беше случајот во нашето соседство, беше посочено на работилницата за препознавање и спротивставување на говорот на омраза, под мотото „Еднаквост за сите“ , што се одржа во Мулти Култи центарот со присуство на млади, главно средношколци од Куманово и Крива Паланка.
Мостот во село Пчиња е оштетен пред 10 години, жителите бараат итно да се најдат пари за негова поправка Опасноста од уривање на мостот на реката Пчиња во истоименото кумановско село Пчиња ги вознемири жителите, кои побараа надлежните итно да преземат мерки за негова санација.
Да не се користи мостот во селото Пчиња поради надојдената вода, предупредува ЦУК (видео) Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредува дека поради зголеменото ниво на водите во реката Пчиња да не се користи мостот во кумановското село Пчиња.
Во Куманово наврнаа 20 литри дожд Во изминатото деноноќие во Куманово наврнаа 20 литри на квадратен метар дожд.
Обилните врнежи поткопаа подземен контејнер во населбата Гоце Делчев Еден од полуподземните контејнери на раскрсницата меѓу улиците АВНОЈ и Лесковачка е исфрлен од своето лежиште од надoјдените води, по вчерашните обилни врнежи во Куманово.
Поплавени улиците на Куманово и по денешното невреме (видео) Невреме со пороен дожд и силен ветер попладнево го зафати Куманово.
ЦУК предупредува за можни излевања на Пчиња кај Пелинце и Клечовце Центарот за управување со кризи (ЦУК) добил известување од УХМР дека е забележан зголемен водостој и на реката Пчиња во Пелинце.
Крива Река и доловите ја поплавија Крива Паланка, Општината повика на смиреност (видео) Надојдените води на Крива Река и доловите поплавија повеќе делови во Крива Паланка, нанесувајќи штети на поплавените подрачја. Граѓаните на социјалните мрежи споделија вознемирувачки снимки од надојдените води.
Тајмлес отвори нов салон за накит и часовници во молот Ла Плаза, попусти и изненадувања за сите посетители Тајмлес отвори нов екслузивен салон за продажба на уникатен накит и часовници во трговскиот центар „Ла плаза“, поранешен 1 Мај, до градскиот пазар во Куманово.