На кумановци не им пречи загадениот воздух, само 50-тина излегоа на протест Само педесетина граѓани излегоа вечерва на протестот „Сакам да дишам“, кој го организираше неформална група на граѓани, против енормното загадување на воздухот во Куманово.
Почина адвокатот Јаким Наумов По кратко боледување, на 65-годишна возраст денеска почина Јаким Наумов – Јаче.
Владата ја замрзна маржата за лебот, зејтинот, шеќерот, млекото... Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо. Според одлуката почнувајќи од утре до 30 септември, маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло ќе биде 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко маржата од утре ќе биде 10 отсто.
„Пикник у Пелинце“ – целодневен музички хепенинг во сабота Во кумановското село Пелинце, во Меморијалниот центар АСМОМ, во сабота во 12 часот ќе започне „Пикник у Пелинце“. Настанот се одржува по вторпат, а влезот е бeсплатен.
Пробен попис на земјоделството од 15 до 30 јуни и во Куманово Државниот завод за статистика(ДЗС) ќе спроведе Пробен попис на земјоделството во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година.
Интервју со Дејвид Стоилковки: „Графити фест“ е светла точка во сивото Куманово „Графити фест“ е единствена манифестација во Македонија, која неколку години наназад дава нов лик на урбаниот простор во Куманово и ги оплеменува запуштените места, отсликувајќи ја душата на уличната уметност и креативноста на младите.
Дизелот достигна рекордна цена од 107,5 денари, бензините поскапи за еден и пол денар Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 %, при што бензините поскапуваат за 1,5 денари/литар, а дизелот за три денар.
Два автобуси и пет патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација Полицијата од Граничен премин Табановце, во изминатите три дена извршила контрола на осум патнички возила и на два автобуса, кои вршеле меѓународен превоз на патници, при што открила дека 7 немаат соодветна документација.
Реновираме за вас: За уште поубава dm дрогерија во Куманово Заради реновирање, дрогеријата на dm во Куманово, во период од 19.6 до 13.7.2022 година ќе биде затворена.
„Сакам да дишам“ - протест против загадувањето на воздухот во Куманово Под мотото „Сакам да дишам“ утре (вторник) во 19 часот на Градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи граѓански протест против загадувањето на воздухот во Куманово.
Книжевна вечер со Румена Бужаровска Во фоаето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот ќе се одржи Книжевна вечер со Румена Бужаровска.
Железничкиот сообраќај Куманово - Табановце во прекин, гранка паднала на електричниот вод Од вчера во 17 часот во прекин е железничкиот сообраќај на релација Куманово-Табановце и Скопје-Белград, поради проблеми на електричната инсталација.
Пожар во пекарница во Куманово, нема повредени Вчера во 02.35 часот избил пожар во пекарница на ул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на Зелен пазар.
Секојдневното палење гуми и кабли заради металните жици во нив го загадува воздухот во Куманово Во населбите Средорек, Бавчи, Перо Чичо и Стари лозја, речиси секое попладне или рано на сабајле се подигаат густи облаци од чад од запалени гуми и електрични кабли.
Кумановец си ја киднапирал поранешната девојка Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово.
Кумановец и светиниколец земале возила од рентакар и не го вратиле Сопственик на рентакар фирма од кумановско, вчера во 23.30 часот пријавил дека на 06.јуни, Д.Ј.(19) од Куманово и Б.С.(31) од с.Горобинце, светиниколско, склучил договор за издавање на две патнички моторни возила, кои требало да бидат вратени до вчера.